Летните жеги победете ги во друштво на книгите
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и оваа среда со нова препорака од изданија кои уште од денес можат да се зајмат за читање.
Промовиран коктелот „Еден бисер“ кој засега ќе се служи само во неколку угостителски објекти
Промовиран коктелот „Еден бисер“ кој засега ќе се служи само во неколку угостителски објекти.
Одделението за катастар денес не прима барања
Од Агенцијата за катастар на недвижностиги ги информираат граѓаните и професионалните корисници (нотари, геодетски компании, извршители општини и др.) дека утре, понеделник, шалтерите при Одделението за катастар на недвижности во Охрид, како и во останатите градови во земјава, нема да бидат во можност да примаат барања како и да издаваат податоци.
Лицата со телесен инвалидитет од Охрид ги одржаа традиционалните спортски игри
Волјата, истрајноста, упорноста на крајот победува се, па дури и телесниот инвалидитет. Ова денес како и многу пати досега го докажаа лицата со телесен инвалидитет од Охрид одржувајќи ги традиционалните спортски игри. Велат дека инвалидитетот кој го имаат не може да ги спречи да бидат добри спортисти. Потсетуваат дека иако игрите се по повод светскиот ден на лица со инвалидитет, тие се рамноправни граѓани во текот на целата година и дека така треба да се чувствуваат и во останатите 364 денови.
Greenify – апликација за забрзување на Android уредите
Постои начин стариот Android да работи побрзо
“Нашата училница, нашиот свет” во ОУ „Григор Прличев“
Родители и наставници со заеднички сили, креативност и работа до создавање на пријатно катче за учење за децата. Во рамките на работилницата “Нашата училница, нашиот свет”, денес беше преуредена една од училниците во основното училиште Григор Прличев, а со цел тоа да поттикне создавање на креативна атмосфера во која дечињата ќе можат да учат низ една поголема интерактивност, но и забава.
Белвица има доволно, но, намален е нејзиниот излов
Белвица има доволно, но намален е нејзиниот излов, поради повисоката температура на езерската вода за овој период од годината, велат од Пастрмка 2012 концесионер на Охридско Езеро. Претставникот Танас Танасоски, кажува дека сите заинтересирани лица кои сакаат на својата трпеза да ја имаат белвицата, можат да ја набават во нивните специјализирани продавници. Цената е 350 ден за килограм и засега нема да има нејзина промена.
Мирна ноќ во Македонија
По серијата тепачки во изминатите неколку дена, вчера и ноќеска во МВР не се пријавени нови инциденти.