Тетово погодено од невреме
Пет жртви, од кои три возрасни лица и две деца, го загубија животот во силното невреме кое го зафати Тетово и околните села, според извори од Клиничкиот Центар Тетово.
Италија бара лимитирање на странските работници
Двегодишен мораториум против вработување на странски работници, од земји кои не се членки на Европската унија, во Италија, бара италијанскиот шеф на дипломатијата, Роберто Морани.
Георгиески: Рушење ќе има
Времето до започнување на акцијата за рушење на дивоградбите се брои во денови. Рушење ќе има, категоричен Градоначалникот Георгиески. На сопствениците на објекти кои добиле решенија за рушење им порача час поскоро да почнат сами со отстранување. А на угостителите им најави инспекција не само за платформите туку и за терасите и целокупните објекти на крајбрежјето.
Носи сино за аутизам
На 2 април 2015 година го одбележуваме Светскиот ден за подигнување на свеста за Аутизмот, и за таа цел Порака Нова, ќе организира јавен настан во центарот на градот.
ММФ има потреба од дополнителни 100 милијарди долари
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) има потреба од дополнителни 100 милијарди долари за да укажува помош на се поголемиот број земји кои имаат потрба од кредити, изјави директорот на ММФ Доминик Строс-Кан.
Ќе се поставува ново спомен обележје за настраданите во бродската несреќа
Со положување цвеќе пред спомен обележјето на жртвите на кеј Македонија, денеска беше одбележана десетгодишнината од бродската несреќа што се случи во Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија.
Во пожарите во Калифорнија уништени над илјада куќи
Повеќе од 1.000 куќи, од камп приколки до вили вредни повеќе милиони долари, се уништени, а 50 илјади луѓе морале да ги напуштат своите домови поради пожарите кои веќе четврти ден беснеат во јужниот дел на Калифорнија.
81 отсто од лицата кои лежат во болница поради Ковид не се вакцинирани
Во болниците моментално лежат 340 болни од ковид 19, од кои 19% се вакцинирани, а 81% не се вакцинирани, соопшти Министерството за здравство.
