Skip to main content

Фев 22, 2019

Општина Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид и сите возачи на мотрни возила дека на дел од атмосферската канализациoна мрежа на крстосницата помеѓу улиците “7-ми Ноември“ и “Егејска“ во Охрид, настанат е дефект


Сеп 28, 2021

Поради асфалтирање, улицата „Јане Сандански“ утре (29.09.2021) во период од 5.00 ч до 16.00 ч. ќе биде затворена за сообраќај. 


Фев 22, 2019

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 23. февруари 2019 година (сабота), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св.свешт-мч. Харалампиј“ со почеток во 8.45 часот.


Фев 22, 2019

Младата руската пијанистка со светска слава, Злата Чочиева, на 3 март ќе одржи концерт во рамките на фестивалската програма на Охридско лето како дел од настаните кои од годинава ги организира фестивалот надвор од стандардниот термин 12 јули- 20 август. Концертот ќе се одржи во црквата Света Софија со почеток од 18 часот.


Фев 22, 2019

„Продолжува самоволието на одредени поединци, на кои не им пречи постојаниот притисок, медиумско експонирање на проблемот изминатиов период, па на одредени парцели помеѓу Струга и Калишта тампонираат, поставуваат бетонски огради, палат трска и друга вегетација среде бел ден, а на повеќе локации се депонира и градежен шут“, обвинуваат активистите од Граѓанската иницијатива Охрид СОС.


Фев 21, 2019

Старите концесионери ги користат плажите без никаква закупнина додека постапката за издавање под концесија која започна со јавно наддавање во јули минатата година се влече по судови.  Градоначалникот Георгиески вели градот губи илјадници евра. Екологистите бараат државата да ги преземе ингеренциите и да воведе ред на крајбрежјето.


Јан 13, 2016

Добитната комбинација на броеви 5+1 никој не ја погодил повеќе од два месеци


Фев 21, 2019

  Од СРЦ Билјанини извори велат дека максимално се користат нивните спортски терени и спортската сала.  Во тек е пријавување на охридските компании за  одржување на пролетниот бизнис турнир во фудбал.