Охридски Комуналец ќе подига кабаст отпад во Видобишта
Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 17.10.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.11 „Видобишта“.
Показна вежба за евакуација во случај на земјотрес во ОУ Ванчо Николески, Лескоец
Треба уште многу работа за да се постигне повисоко ниво за заштита и спасување, кога станува збор грижа и безбедност на нашите граѓани, сметаат надлежните за одговор при катастрофи и спасување. Денес основците од Ванчо Николески во соработка со службата за итна медицинска помош, територијалната противпожарна единица и екипите на Црвен крст Охрид, беа евакуирани од земјотрес, при изведба на показна вежба.
Собранието изгласа повеќе пари за МРТВ од такса и реклами
Ќе се решаваат направените пропусти од авионското снимање
Одделението на управата за имотно правни работи во Охрид од досегашните вкупно примени 13 000 илјади барања, има завршено 8700 предмети правосилно, обелоденува првиот чвеик на управата Зоран Крстаноски. Годинава за прв пат Управата за имотно правни односи се вклучува во акцијата на Агенцијаа за катастар и недвижности, “Отворени денови со граѓаните“.
ММФ во Македонија, ако затреба
Општина Охрид се вклучи во кампањата за борба против гладта
Општина Охрид се вклучи во кампањата за борба против гладта.
Вакцините против ковид-19 имаат одобрение за употреба
Фајзеровата вакцина е одобрена во сите 27 земји членки на ЕУ од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА). Истата агенција ги има одобрено вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“. Ова одобрение за употреба на ЕМА трае една година. Од официјалната страница на ЕМА, може да се види дека за „Фајзер“ ова одобрение е продолжено на 3.11.2021 година, а за вакцината на „Астра Зенека“ е продолжено на 9.11.2021 година. На 7 мај оваа година Светската здравствена организација ја одобри вакцината на „Синофарм“, а на 1 јуни СЗО ја одобри и вакцината на „Синовак“.
Охрид ќе добие поголем Центар за лица со интелектуална попреченост
Во рамките на центарот ќе бидат згрижени и лицата со аутизма. Државата за оваа година не може да обезбеди вработувања за стручни лица кои ќе работат со овие лица, но затоа општината е подготвена финансиски да помогне да се ангажираат стручни лица за потребите на центарот.