Света литургија по повод „Св. Богородица Пречиста“
Сезоната која измина хотелиерите велат дека е подобра од лани
Сеуште немаме официјални податоци за бројот на туристите кои ова лето го посетија Охрид. Според некои неофицијални податоци оваа сезона била поуспешна од минатата. Хотелиерите велат дека кај нив бројот на гости ова лето бил за 30% повисок од минатото. Но нема податок колкав е финансискиот бенефит од тоа.
Comodita Home повторно донираше душеци
Во рамки на хуманата мисија под слоганот „Секој сон е важен“, Comodita Home продолжува со своите активности. По првичната донација на душеци за најранливата категорија во општеството, дечињата во Детска Клиника Козле, акцијата на Comodita Home продолжува во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје. Денешниов ден, 08.10.2021 е Светскиот ден на хоспис и палијативна нега и грижа на стари лица. Тимот на Comodita Home, предводен од Харитон Гаџоски симболично беше дел од денешниов настан и во рамки на одбележувањето на денот, донираше душеци и за оваа установа.
Безбедноста на храната во однос на млекото и сурово млеко, сеуште 100% не ги има постигнато Европските стандарди
Во Македонија се произведуваат млечни производи кои можат да обезбедат сигурен и добар пласман надвор од нашата земја. Но истите треба да се брендираат и да се произведуваат во многу поголеми количини кои би ги задоволиле светските пазари, сметаат експертите за земјодеслки науки и храна. За жал нашата земја сеуште е увозно зависна од млеко и млечни производи.
СТАРТУВА ЛЕТНИОТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО ОХРИД
Стартуваше летниот режим на сообраќај на територијата на Општина Охрид, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација на улиците каде што е воведено еднонасочно движење на возилата.
Сушеното јаболко, најдобар и најздрав десерт
Стариот бабин рецепт за сушење овошје станува се поактуелен. Земјоделската фирмата Агриком започна со производство на сушено јаболко кое е органски произведено.Ваквата храна гледано од нутриционистички аспект е многу поздрава и ги задржува сите витамини и сокови. Европа се повеќе ја користи а скромно започнува да се пласира и кај нас.
Одбележан 11 октомври, денот на народното востание
Општина Охрид денес во големата општинска сала одржа свечена седница по повод одбележувањето на 11 октомври, денот на народното востание. Присутните гости ги поздрави заменик градоначалникот Ангел Јанев, предавање одржа Бобан Блажески, професор по историја. Годинава немаше обраќање на претставниците од Сојузот на борци и продолжувачи на делото од општините Охрид и Дебрца.
Гранатирана автобуска станица во Доњецк
Најмалку 13 лица загинале, а на десетици се повредени