Сработеното на дело
Фудбал, кошарка, ракомет, пикадо, вртење хулахоп во хуманитарната акција „За посреќно детство“
Со средствата кои ќе бидат собрани на оваа хуманитарна акција ќе се помага на неколку охридски семејства на кои им е потребна финансиска помош за лекување.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ќе подига кабаст отпад во У.З.3 „Кошишта“ и У.З.4 „Воска“
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 10.10.2015 год. (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан„).
Издавачите на педалинки да ги почитуваат прописите
Педалинките како пловни објекти не се регулирани со Законот за внатрешна пловидба. Издавачите мора да ги почитуваат важечките прописи за висок степен на безбедност на вода на лицата кои ги изнајмуваат. Најчести интервенции на спасителите на вода биле на давеници од педалинки.
Почитувањето на законите за заштита при работа треба да стане автоматизам за работодавачите
Почитувањето на законите за заштита при работа треба да стане автоматизам за работодавачите. И најдобрите закони од оваа сфера не би имале смисла ако не се спроведуваат или не се врши контрола врз нивното спроведување-сметаат од Европската организација за работнички прашања. Според Унијата на независни и автономни синдикати пак, токму спроведувањето на законите за заштита при работа е на многу ниско ниво во земјава.
НВО Опција: Во Охрид и Струга нема детектирани лица заболени од Хив Сида
Во општините Охрид и Струга нема детектирани лица заболени од Хив Сида. Состојбата е резултат од децениското спорведување на програмите за намалување на штетите од употреба на дроги и поддршка на сексуалните работници. До декмеври 2016 истекува финансиската поддршка за спроведување на програмите е од швајцарскиот глобален фонд па НВО подготвуват платформа за добивање финансиска поддршка од државата.
Терористички напад во Тел Авив
Повредени се дванаесет лица од кои тројца потешко
Охрид домаќин на вториот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна
Климатските промени и дали ќе произведеме доволно храна да го нахраниме населението во светот, се проблемите кои во наредните декади најмногу ќе го погодуваат земјоделието во светот, сметаат научниците кои што работат на земјоделство и храна. Три дена во Охрид се дебатира за научните предизвици од областа на земјоделието и храната на вториот Меѓународен симпозиум ИСАФ 2015.