Локален развој, но не по цена на природата
Локалниот развој е еден од основните проблеми при заштитата на природата-сметаат од Македонскиот зелен центар. Според нив, кога се планираат проектите особено во подрачја кои имаат некое ниво на заштита, многу често природните богатства се ставаат на последно место.
Утре да не се паркираат возила на „Јане Сандански“
Утре се забранува паркирање на возила на улицата „Јане Сандански“. Забраната важи за охриѓани, но и за сите гости и туристи.
Д-р Симоноска: Проблемот со излевање на колекторот мора да се реши час поскоро
Квалитетот на езерската вода да се испитува континуирано во текот на годината со цел да се лоцираат причините зошто фекалии од колекторскиот систем завршуваат во езерото. И покрај големата моќ на Охридското езеро за самопрочистување овај проблем мора да се реши час поскоро велат стручњаците.
Децата со неоправдани , нивните родители редовни
Децата со неоправдани , нивните родители редовни и примерни на советувањата. Во 99% од случаите поканетите родители се појавуваат на советувањата во рамки на спроведување на проектот „Родителска школа“, но засега тоа не дава позитивни ефекти, велат стручните тимови од основните училишта во општина Охрид.
Исламската држава бара 200 милиони долари за двајца заложници
Екстремистите се закануваат со егзекуција на јапонските заложници
Проектите кои ја нарушуваат заштитата на биодиверзитетот треба добро да се анализираат
Проектите кои ја нарушуваат заштитата на биодиверзитетот треба добро да се анализираат.Според Борис Ерг од Меѓународната Унија за заштита на природата, инфраструктурните проекти не се единствен начин на обезбедување на локалниот развој.Постојат глобални стандарди за тоа како треба да се управува со заштитените подрачја, односно стандарди за добро управување со националните паркови.
Алкохол со сомнително потекло по пазарите и некои угостителски објекти
Алкохол со сомително потекло се продава на пазарите па дури и во некои угостителски објекти во Охрид, Струга, Вевчани. 130 литри алкохолни пијалоци и околу 3 кгр тутун привремено се задржани во Царинската управа од Битола по последната контрола. Истите не биле означени со контролни марки, а сопствениците не поседувале сертификат за квалитет, иако ги нуделе на продажба. Докторите со апел до надлежните, да вршат позасилени контроли, а од пазарите да не се купува домашна ракија.