Треба да се чистат оџаците ,а регистриран оџачар во Охрид нема
На стартот од грејната сезона треба да се исчистат оџаците, а во градот нема регистриран оџачар. Исчистените оџаци кај физичките лица подлежат на проверка, но не и праватните домови. Во изминатите години најголем број од пожарите биле предизвикани од неисчистени оџаци.
„Охридски бисерен рај Ленче“ уреден во етно стил
Гостите ќе може да се насладуваат на богатиот Македонски фолклорен колорит и вез во етно стил. Станува збор за реализација на долгогодишен сон за посетителите да се запознаат со рачно изработени перници, чаршави, завеси и разни декоративни украсни ткаенини за домашна употреба.
ЈП „Билјанини извори“ денес остана без електрична енергија
Јавното претпријатие Билјанини извори утрово остана без струја. За причините за исклучувањето добивме две верзии. Едната од директорот на Билјанини извори според која Јавното претпријатие ангажирало фирма која треба да направи ревизија на напојувањето, па за таа цел била исклучена струјата. Додека пак портпаролот на ЕВН тврди дека непојувањето е исклучено заради неплатен долг.
Мултимедијална едукација „ До здрави животни стилови“
На сите деца без оглед на потеклото и способностите, им требаат вештини што ќе им овозможат да ги користат своите знаења за да практикуваат здрави облици на однесување и да ги избегнуваат оние што се закана за нивното лично, емоционално и социјално здравје. Денес во ОУ „Григор Прличев се одржа мултимедијална едукација „До здрави животни стилови“.
По нападите во Париз турскиот претседател предупредува
Ердоган предупредува за оживување на тезата за конфликт помеѓу цивилизации
Лице од Боровец заработи кривична пријава за незаконска експолатација на минерални суровини
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект од струшкото село Боровец и против овластено лице од истото село. Во врска со казненото дело „Фалсификување службена исправа“, во пријавата опфатено е и 61- годишно лице од Охрид вработен во градежна фирма од Скопје.
ОД Билјанини извори не откриваат до каде е постапката за ЈПП за „СМС паркирање“
Пропадна обидот на ЈП Билјанини извори за осовременување на паркирањето со СМС пораки. Од ЈП не откриваат кои се причините за неуспешниот обид со тендерот. Кратко само напоменуваат дека приготвуваат документација за нова тендерска постапка.