Фрлени темелите на фабриката на ОДВ Електрик
Денес беше означен почетокот на изградбата на гринфилд објектот на германската компанија ОДВ Електрик во зоната.
Субвенциониран оброк за редовните студенти од државните и приватните универзитети
Министерството за образование и наука информира дека право на користење на финансиската поддршка за субвенциониран студентски оброк во месечен износ од 2.400 денари ќе имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните високообразовни установи.
Работна средба помеѓу градоначалникот Бакрачески и германската амбасадорка Алтхаузер
Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески и Кристине Алтхаузер германската амбасадорка во Р. Македонија имаа работна средба. Средбата се одвиваше во насока на унапредување на досегашната плодна соработка. Предмет на разговар биле соработките во голем број области почнувајќи од туризмот, културата, стопанството.
Министерката за култура ги посети локалитетите во Охрид во фаза на реставрација
Презентација на богатото културно – историско наследство на Охрид, најсилен адут и нова стратегија на Локалната самоуправа и Секторот за ТЛЕР во иднина, за збогатување на туристичката понуда на Охрид. Ова пред министерката за култура Елизбета Канческа-Милевска, го истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Драма на меѓународна вселенска станица
Успешно евакуиран aмериканскиот екипаж
Градоначалникот на велосипед за денот без автомобили
Градоначалникот Никола Бакрачески со велосипед во обиколка на градот. Ова беше дел од кампањата по повод Денот без автомобили. Охриѓани сакаат да возат велосипед, но бараат да се подобри инфраструктурата за велоспедисти и да се зголеми нивната безбедност.
По 27 пат од Охрид ќе одекнат звуците на староградскиот мелос
По 27 пат од Охрид ќе одекнат звуците на староградскиот мелос. За учество на староградските средби во Охрид интерес пројавиле голем број музички аматерски групи. Од Центарот за култура размислуваат манифестацијата да ја прошират и да се одржува два дена.