Доцнат работите околу изградбата на новиот зелен пазар
Охриѓани ќе почекаат уште малку за да започне изградбата на затворениот зелен пазар. Иако од Локалната најавија дека ќе се гради од 1ви септември, на терен сеуште нема ништо. Се чека на одобрението за градба кое треба да го потпише Министерството за транспорт и врски.
Охрид домаќин на првиот конгрес на физиотерапевти
За прв пат Здружението на професионални физиотерапевти од РМ од 17 – 20 септември во Охрид одржуваат Конгрес. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со многу нови достигнувања во рехабилитацијата, неврофизиотерапијата, хипорехабилитација и многу други области, кои се од интерес за физикалната медицина.
Уапсен Французин во Бугарија кој бил поврзан со браќата Kouachi
Французинот Fritz-Joly Joachin повеќе пати бил во контакт со Cherif Kouachi
Иванов: НАТО прави стратегиска грешка со блокирањето на Македонија
Ги браниме интересите на Алијансата иако не сме дел од неа. Одамна ги исполнивме стандардите и критериумите, а сепак останавме блокирани. Време е и Алијансата да ги брани своите интереси со тоа што ќе ни го дадат одамна заслуженото место, истакна претседателот на РМ Горѓе Иванов на 19 Конференција на началниците на генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба, што денес се одржува во Охрид.
Започна имунизацијата со петтовалентната вакцинавв
По шестовалентната вакцина денес започна и примената на петовалентната вакцина. Оваа вакцина е наменета за децата кај кои имунизацијата е веќе започната. Од поливалентните вакцини бенефит имаат децата, родителите, а и здравствените установи, велат здравствените лица.
Струјата поскапува за 7 отсто
Цената на струјата од 1 јануари наредната година да се зголеми за 6,95 отсто, предложи вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Конечната одлука за цената ќе биде донесена до крајот на неделава.
ОМУ „Методи Патче“ доби нов директор
ОМУ „Методи Патче“ доби нов директор. По истекувањето на мандатот на досегашната директорка Нина Момировска бил распишан конкурс на кој се пријавиле двајца кндидати. Градоначалникот Никола Бакрачески пресекол кој ќе ја води оваа образовна институција во наредните четири години.