Веб апликации за лов, риболов, туризам и животна средина во прекуграничниот бисоферен резерват Охрид – Преспа
Овој таканаречен „Систем за просторни информации и планирање“ ќе им овозможи на локалните самоуправи, еколошките друштва, ловните федерации и туристичките чинители од регионов, да го подобрат квалитетот на услугите, а со тоа да овозможат подобар економски и социјален развој на овој регион.
Ракометен турнир Струга 2014
Струга од 13 – 16 ти август ќе живее во знакот на ракометот. На Меѓународниот ракометен турнир учество ќе земат 7 екипи. Организаторите ветуваат интересни натпревари, обезбедија максимални услови на отворениот терен на „Женска плажа“ и очекуваат како и секогаш голема поддршка од струшката публика.
Започнаа теренските проверки и вакцинации во охридските училишта
Засега проверките на вакциналните служби покажуваат дека многу мал е бројот на невакцинирани основци до 14 години. Разговорите на стручните лица со родителите даваат резултати во зголемување на процентот на имунизација на децата во општина Охрид.
Грозданоска : Продолжуваме посветено на процесот за раздолжување на општината
„Продолжуваме посветено на процесот за конечно раздолжување на општината согласно сите финансиски препораки и релевантни експертски анализи. Тоа ќе биде една добра основа за развој и напредок на општината, на сите полиња“, порача денеска Милена Грозданоска, кандидатката за советник од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Грозданоска најави стратегија за доопремување на јавните претпријатија со цел да се овозможат поквалитетни и побрзи услуги за граѓаните.
Милошевски: Подготвена е сеопфатна стратегија за развој на туризмот
Преку сеопфатната долгогодишна стратегија изготвена од врвни експерти од Факултетот за туризам и угостителство цврсто сме решени да направиме Охрид да биде конкурентен во 21 век, потенцира Милошевски.
Георгиески: Нова патна мрежа во селските средини
Постојано работиме на проекти за намалување на разликите помеѓу градските и селските средини и нашата цел е да обезбедиме инфраструктура за сите, вели кандидатот за Градоначалник од СДСМ , Константин Георгиески.
Да и помогнеме на Мила
Сите хумани луѓе кои сакаат да и помогнат на Мила, истото можат да го направат со вртење на телефоните: VIP 143 123 и TELEKOM 070 143 143.
Георгиески: Охриѓани ја покажаа и ја потврдија својата одлучност за подобра иднина на нашиот град
Охриѓани вчера уште еднаш ја покажаа и ја потврдија својата одлучност за подобра иднина на нашиот град, вели во своето обраќање до охриѓани кандидатот за градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески.