Студенскиот дом Никола Карев станува се попривлечен за туристите
Со цел да се искористат капацитетите во недостаток на студенти вратите на домот се отворени за комерцијално работење. Се очекуваат гости и за празникот Водици.
Одлична поддршка за младите талентирани охридски спортисти
Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ објавува конкурс за проектот: Инфраструктурна поддршка на младите и талентирани спортисти на територија на Општина Охрид. Право на учество имаат сите спортски клубови од индивидуалните спортови кои се на територија на Општина Охрид.
Нови седумдесет вработувања во јавните претпријатија во градов
Нови седумдесет вработувања во јавните претпријатија во градов. Советниците од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека нема никаква оправданост за ваквиот чекор на Локалната земајќи го во предвид фактот дека јавните претпријатија работат на работ на рентабилноста. в.д. Градоначалникот Константин Георгиески, тврди дека станува збор за веќе реализирани вработувања со договори на определено време кои ќе се трансферираат во редовен работен однос.
Во Македонија постудено отколку на Северниот пол
Бран на топол воздух над Арктикот предизвика 30 степени повисоки температури од вообичаените
Некој обештетен, а некој оштетен
Советниците од ВМРО ДПМНЕ тврдат дека се направени многу пропусти и злоупотреби при обештетувањето на граѓаните чии домови настрадаа во земјотресот кој го погоди Охрид, а со тоа е оштетен буџетот на државата. В.Д. Градоначалникот Константин Георгиески кажа дека и службите на локалната утврдиле неправилности во исплатата на оштетените и веќе е формирана дисциплинска комисија.
Квалитетот на воздухот во големите македонски градови e очаен
Скопје, Битола, Тетово – ова се градовите во кои се регистрира зголемено ниво на штетни честички во воздухот.
Во Охрид се регистрирани 24.000 граѓани на системот Е персонален данок
Од УЈП очекуваат регистрација на уште околу 3000 илјади граѓани приматели на странски пензии и земјоделци од Охрид. Во јануари е продолжен рокот за регистрација на граѓаните во новиот систем за електронско следење на персоналниот данок кој стапи на сила од јануари 2019 година.
Пронајден хероин во куќа во Струга
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против Д.У. (67) поднесе кривична пријава.