Охрид домаќин на првиот меѓународен салса фестивал „Хола Охрид“
Оваа година Охрид ќе биде домаќин на првиот меѓународен салса фестивал во Македонија, наречен „Хола Охрид“.
Изгаснат пожар во борова шума кај Опеница
Пожарот избувнал синоќа и е ликвидиран утрово. Од денес, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барање на ЈП Национални шуми воведе делумна забрана за движење низ шумите.
Холандска донација за училиштата во Охрид и Дебрца
Во рамките на својата меѓународна соработка О.О на Црвениот крст од Охрид преку своите партнерски организации во Холандија реализира донација наменета за потребите на неколку воспитно-образовни институции во Охрид и социјално загрозени семејства во општина Дебарца.
Човечка драма се случуваше во опожарен стан на Туристичка
Човечка драма се случуваше во опожарен стан на Туристичка.
Започна ловната сезона на прелетен дивеч
Охридските ловџии од почетокот на месецов можат да ловат на трите ловишта во охридскиот регион , прлица потполошка и гулаб. Пред започнувањето на ловната сезона на прелетен дивеч уште еднаш службите од СВР Охрид ги потсетија на законските одредби при вршење лов. Тие препорачуваат ловџиите совесно да се однесуваат во текот на ловната сезона, да не ловат без дозвола, да не конзумираат алкохол, да не го нарушуваат јавниот ред и мир и соодветно да го транспортираат дивечот.
Авионот на AirAsia веројатно го срушил метеоролошки феномен
Соопштение на метеоролошката агенција на Индонезија
Џамбазовски: Очекуваме Македонија да се најде во каталозите на мрежата на „Томас Кук Груп“
Претставници на најголемиот и најстар тур оператор во светот „Томас Кук Груп“ ги посетија туристичките капацитети во земјава. Тие направија сериозна анализа на оние капацитети, кои за нив претставуваат интерес. Според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, доколку влезе мрешата на најстариот светски тур оператор би можеле да очекуваме зголемен број на туристи, прилив на девизи и раздвижување на целата економија во РМакедонија.
Киров: На балканот се се решава во “5 до 12“
Апстрактна, енергична, полна со емоции и бои, со овие зборови македонскиот кореограф со меѓинародна кариера Игор Киров ја опишува својата балетска претстава 5 до 12 која вечерва ќе се игра на охридско лето. Киров ја тематизира навиката на Балканот се да се решава во последен момент во 5 до 12 а понекогаш и во 5 по 12. И тоа онака како што судбината ќе ни ги фрли коцките. Балетот е поделен на 12 сцени со 12 танчери кои ги прикажуваат сите периоди во човечкиот живот од раѓањето до смртта.