СВР Охрид го одбележа 9 декември, денот на превенцијата и превентивното полициско работење
Годинава се навршуваат 10 години од оформувањето на одделението за превенција при СВР Охрид кое, со својата работа, заедно со Канцеларијата за односи со јавноста, започна во 2008 година. Со тоа, се стави акцент на превентивната работа на полицијата и на нејзината транспарентност, со што се градеше новиот лик и новиот имиџ на полицијата во демократските општествени заедници.
Узурпирани тротоарите на 15-ти Корпус
Узурпирани тротоарите од новоизградената улица 15-ти Корпус. На пешачките зони изградени бетонски ѕид и поставена железна ограда. Граѓаните кои го пријавија проблемот во рубриката „Ти си твојот град“, бараат градежните иснпектори да излезат на терен и да ги ослободат јавните површини.
ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА НА ФОТОГРАФИИ „ПО ТРАГИТЕ НА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ”
Во Куќата на Уранија- МАНУ, свечено беше отворена изложбата на фотографии „По трагите на светите Кирил и Методиј”.
ПРОМОВИРАНА НОВАТА КНИГА НА ПРОФЕСОРОТ ДИМИТАР ПАНДЕВ
Во музејот „Куќата на Робевци“, во рамки на празнувањата по повод Патронот на Охрид, беше промовирана новата книга на професорот Димитар Пандев, „Охридската Писменост“.
Охридската гимназија се осовременува
Денес по повод патрониот празник на Гимназијата Св. Климент Охридски беа презентирани новите кабинети и простории. Направени се осум кабинети по речиси сите предмети кои се опремени со инвентар, телевизори, компјутери како и една просторија наменета за прием на родителите, а во подготовка е и просторијата за учениците.
Цената на нафтата ќе паѓа и во 2016?
Некои предвидуваат дека барел на црното злато наскоро би се нудел по 20 долари
„Дојди во Охрид“- прва антологија на песни за Охрид
Во рамките на чествувањето на 8-ми Декември, Денот на Св. Климент Охридски Патрон на градот, денеска беше промовирана антологијата на песни за Охрид. Поетската антологија „Дојди во Охрид“ ја приредија проф. др Димитар Пандев и поетот Славе Ѓорѓо Димоски, а е во издание на Општина Охрид.
Врвна асеизмичка стабилност на објектите на „Адора“
Новите станбено-деловни објекти на Адора Инженеринг во Скопје, општина Аеродром, Ново Лисиче се со врвна асеизмичка стабилност и цврстина на бетон до 50 % повисока од пропишаните законски норми во Македонија.