Skip to main content
Јун 3, 2019

Во согласност со препораката под реден број 19, која беше нотирана од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Сесија 41 COM 7B.34), Општина Охрид ја започна најавената акција за отстранување на рекламните билборди кои се лоцирани во делови од централното градско подрачје и на крајбрежниот потег, во должина на кејот „Македонија”.


Мај 31, 2019

Манифестацијата која од година во година бележи раст и го подигнува нивото во организацијата го става Охрид на мапата на маратони и полумаратони во регионот и пошироко. Заложбите на организаторите и креативниот тим  на Охрид ТрчаТ како и бројката на учесници покажуваат дека годинешното издание ќе биде своевиден спортски спектакл, беше истакнато на денешната прес конференција.


Мај 31, 2019

Работниците го отстрануваат полека скелето и заштитната мрежа и се открива минарето високо околу 25 метри.


Мај 31, 2019

Станува збор за инвентивна претстава која содржи црн хумор. Режисерот и сценографот нудат изненадување за публиката. Режијата е на Ана Батева, а играат охридските актери Стаматоски, Тодороски, Стефаноска и Кипроски. Премиерата ќе се случи на 3 јуни кога се одбележуваат и 8 години од формирањето на Охридскиот народен театар.


Мар 1, 2016

Опасноста од распукување на браната е огромна и се заканува на 1,5 милиони луѓе


Мај 31, 2019

Тоа го покажале истражувањата на Институтот за јавно здравје и оптшинските центри за јавно здравје во земјава. Над 40 проценти од пушачите се младо возрасно население, а над  50 проценти од активните пушачи се мажи. Децата првата цигара ја палат на 11 годишна возраст. Денес се одбележува Светскиот ден без тутун,а во фокусот е здравјето на белите дробови.


Мај 12, 2015

Владата на Република Македонија,на седницата одржана вчеравечер, одлучи на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили да им се додели финансиски надомест во висина од 70 000 евра по семејство, во денарска противвредност.


Мај 31, 2019

Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, првата  недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“ во која ќе бидат реализирани повеќе активности.