Светски компании присутни на СРЦ Билјанини извори со Тим билдинг настани
СРЦ Билјанини извори се попривлечен за познати светски компании кои организираат Тим билдинг настани. Од спортскиот центар покрај привлекување на спортски клубови за зимски подготовки во Охрид паралелно работат и на привлекување фирми кои со спортско рекреативни активности надвор од компаниите ги јакнат врските помеѓу вработените. Салата е реновирана , а јавното претпријатие е подготвено да придонесе за што поголем развој на спортскиот туризам во градот.
Утврден редоследот на кандидатите на гласачкото ливче
Државната изборна комисија денеска на седница со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за избори за градоначалници и членови на советите на општините и на Град Скопје.
СВИКАНА ОСУМНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИ
Свикана осумнаесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 15.11.2018 година (четврток ) со почеток во 11.00 часот.
Охридската касарна во сопственост на Општина Охрид
Со ова конечно ќе може да почне реализацијата на проектот „Старите касарни за нов економски развој на општините“.
За две недели три жртви во сообраќајни несреќи на патниот правец Охрид-Кичево
Вчера околу 19 часот кај Подмоље животот го загуби 40 годишен Мешеиштанец кој со мопед се судрил со патничко возило „Цитроен ксара“ со охридски регистарски ознаки . Од полицијата велат дека на овој магистрален пат најчести причини за несреќите се преголемата брзина, претекнување и непочитување на сообраќајната сигнализација.
30 години од првото Yugo во САД
За да тргне во продажба морале да се направат 500 преправки на автомобилот
Во Охрид ракот на простата по број на заболени на 4-то место од малигните заболувања
Во општина Охрид ракот на простата по број на заболени од малигните болести го зазема 4-то место. Процентот на заболени покажува дека има потреба од воведување на превентивни прегледи. Во светот, месец ноември се именува како мувембар, кога мажите испраќаат порака за поголемо внимание кон машкото здравје.
Крштевките и венчавките, „најефтини“ во МПЦ
Иако се работи за православни цркви што дејствуваат врз исти канонски принципи, сепак постојат разлики. Во Украина, Грција и во Србија постои обичај, како што велат верниците, да се награди свештеникот што врши крштевка или венчавка, пишува „Нова Македонија“.