Skip to main content

Окт 31, 2018

Поради големиот интерес на охриѓани Црвен крст Охрид започнува нов, есенски циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language).


Јул 31, 2013

Струшкиот Совет, денес и конечно ги формира Комисиите на советниците и ги именува членовите на Управните одбори во ЈП и ОУ. Советниците воглавно задоволни, со мал исклучок на советниците од ПЕИ, кои сметаат дека како торбеши се недоволно застапени во комисиите и  дека со тоа се дискриминирани.


Окт 31, 2018

Родителите, посебно на учениците во пониските одделенија, како и педијатрите апелираат сериозно да се разгледа проблемот со исхраната на децата во училиштата.


Окт 30, 2018

Пред  охридските  советници денеска се најде усвојување на нацрт урбанистички план, за прв пат во овој состав на советот. Советниците од двата блока не  дадоа зелено светло  на  неколку  згради во центарот на градот да се доградуваат катови. Градоначалникот кажа дека нацрт планот е започнат од претходните локални самоуправи , а сега нивна должност е  она што го зацртал планерот да го стават на расправа во Советот. 


Сеп 21, 2021

Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко и беше од племето Давидово, а мајка и’ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога.


Окт 30, 2018

За обесштетување од невремето кое беснееше на охридското крајбрежје на 17ти март годинава ќе одлучува посебна комисија формирана во Владата. Елаборатот за проценка на штета кој денес го усвоија градските советници утре ќе биде испратен до Владата.


Окт 30, 2018

На присутните спортски новинари и бројните гости топло добредојде им посака првиот човек на Охрид, градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски, кој им посака добредојде на гостите и порача во името на целиот град, следната година бордот на директори на Асоцијацијата на спортски новинари од Југоисточна Европа да се одржи токму во Охрид.


Окт 30, 2018

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска во општинската зграда ги прими  мажуретките од генерацијата  ’99 – ’09 кои ќе се дел од Европскиот КУП што денес и утре се одржува во Спортската сала “Билјанини Извори”.