Skip to main content

Мај 6, 2015

Од МЈП „Проаква“, РЕ Водовод – Охрид информираат дека поради интервенција на водоводна линија Ф450 mm, денес ќе има намалување на водениот притисок во населбата Бејбунар.


Јун 9, 2010

ЕФСЕ, најголемиот фонд за микрофинансирање во Југоисточна Европа, веќе понуди алтернатива. Инвестиции за малите бизниси и нивен пристап до долгорочно финансирање по разумни каматни стапки.


Апр 29, 2015

Методи Перунковски е прогласен за најдобар бармен во Македонија.  Со коктелот „Selfie“ тој ја освои првата награда на осмото државно првенство на бармени, кое се одржа во кафебарот Ликвид Охрид. Оваа награда е круна на неговата 10 годишна кариера во Казиното Фламинго, Гевгелија.


Ное 9, 2021

Во постот се изнесени повеќе неточни тврдења. Децата најчесто полесно го поминуваат ковид-19, но новата делта варијанта на коронавирусот покажа дека нема правила. Во земјава од ковид починаа и млади лица, на возраст од 15, 16 и 17 години. Во однос на тврдењето дека ризикот од сезонски грип е повисок од ризикот за ковид, според официјалните информации на ИЈЗ во сезоната 2020-2021, вкупниот број на заболени од сезонски грип изнесувал 539, што е за 92,5 проценти помалку во споредба со истиот период минатата сезона и 94,5 проценти помалку во однос на типичната сезонска крива. Исто така, не е вистина дека вакцините против ковид-19 се експериментални. Тие ги поминаа сите потребни фази на клиничките испитувања. Обемното тестирање и мониторирањето покажа дека овие вакцини се безбедни и ефикасни.


Мај 6, 2015

Денес 06.05.2015 (среда) на патниот правец А2, Кичево – Охрид, на делница Врбјани-Пресека  сообраќајот ќе биде во прекин за секаков вид на возила поради изведување на градежни работи (минирање).


Мај 28, 2018

НУ Завод и музеј годинава нема да реализира големи проекти. Со годишната програма за работа за 2018- та  од ресорното министерство доби  над  2 милиони денари  за заштита на недвижното културно наследство. Ќе се работат проекти за заштита на  фрескоживописите на неколку цркви, меѓу кои Св. Богородица Захумска кај Трпејца,  Св. Богородица Болничка и Св. Богоридица Челница.  


Апр 29, 2015

Денес свечено беа пуштени во употреба новите реновирани училници во ОУ „Братство Единство“. Средствата ги обезбеди менаџерскиот тим на училиштето, со аплицирање за финансиска помош од Проектот на УСАИД, поддржани од Локалната самоуправа и родителите. Финансиската поддршка од околу 27 000 долари се од проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. И градоначалникот Бакрачески и директорот Доко задоволни од постигнатото.


Мај 5, 2015

Меѓународниот нуркачки инструктор, Милутин Секулоски, заедно со неговите колеги од нуркачкиот центар Амфора и Енрик Мато од нуркачкиот клуб „Драгој“ од Поградец и официјално го пренурка албанскиот дел од Охридското Езеро.