Сеп 9, 2025
Случајот со родилката Веапоска три години е во судница, оштетената стравува од застарување на делото
Продолжи судскиот процес за родилката од Дебар, која во струшката болница остана без три органи. Наместо да се сослушаат супервештаците на денешното рочиште, одбраната побара изземање на судијата, а за предметот да одлучува Врховниот суд.
Сеп 9, 2025
До стартот на кампањата за локалните избори да се брендираат сите службени возила со посебни таблици
Од денеска официјално започнува примената на посебните регистарски таблици за службените возила. Предвидено е до стартот на кампањата за локалните избори да се брендираат сите возила кои што се во сопственост на државата, како што се владините возила, општинските возила, возилата на Јавните претпријатија. Очекувањата се со ова да се стави крај на злоупотребата на службени возила за приватни и партиски цели. Станува збор за околу седум и пол илјади возила. Точната бројка и видот на возила со кои располага државата ќе се знае до крајот на годинава бидејќи МВР презело обврска да направи детален регистар на службени возила.
Сеп 9, 2025
Уапсен охриѓанец кој го запалил глисерот на својот брат, пожарот зафатил зграда и автомобил
Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор го призна делото, информираат од СВР Охрид.
Сеп 9, 2025
На денешен ден Атина Бојаџи го преплива Ла Манш
На денешен ден во далечната 1969 година охриѓанката Атина Бојаџи го преплива каналот Ла Манш.
Сеп 9, 2025
ЈП Водовод – Охрид
Прекин во водоснабдувањето на дел од „Кеј Македонија“ и дел од населбата Охридати
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Сеп 8, 2025
СВР Охрид
Во Охрид приведена 28-годишна жена од ресенско која претходно физички го нападнала нејзиниот сопруг
Од најновиот билтен на СВР Охрид.
Сеп 8, 2025
Тече втора постапка за враќање во Македонија на украдените икони пронајдени во Тирана
Земјава се обидува да ги врати 36 те украдени икони од македонските цркви пронајдени во Тирана. По првата успешна постапка кога од Албанија беа вратени 20 идентификувани икони, тече втората. Вратените икони се во процес на конзервација.
Сеп 8, 2025
Утре промоција на фотомонографијата – „Свето Таинство“ на уметникот и фотограф Зоран Летра
„Свето Таинство“ е во издание на Општина Охрид, а ќе биде промовирано во 12 часот, во Лапидариумот од охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски.







