Skip to main content

Дек 13, 2014

Охридските угостители учеа како подобро да го презентираат виното, да споделуваат приказни за него и да го спојуваат со храната која ја нудат.


Јун 4, 2021

Денеска менаџментот и селекторите ја објавија прогрмата за 61то  фестивалско издание. Во музичкиот и драмскиот дел од програмата ќе бидат реализирани 34 концерти и 6 театарски програми.  Годинава фестивалот се враќа во својот редовен термин со Свечено отварање на 12 јули, а фестивалските светла  ќе се згаснат на 20 август. 


Дек 13, 2014

Добар дел од квалитетните кадри кои излегуваат од стручните образовни институции за туризам и угостителство во потрага по заработувачка заминуваат во странство. Од агенцијата за вработување сметаат дека во Македонија има  добри услови за работа и заработувачка во  туристичко угостителскиот сектор. Младите треба да се мотивираат да работат во струката затоа што тие кадри во следните години ќе бидат барани, вели директорот на агенцијата.


Дек 12, 2014

Денес во Територијалната Противпожарна Единица стигна донација од Швајцарија, вредна околу 40 илјади евра. Охридските пожарникари добија лична заштитна опрема, односно интервентни одела кои ќе ги штитат при делување на пожар.


Окт 24, 2014

Црниот дроб има важни функции во човечкиот организам


Дек 12, 2014

Ова го покажале последните испитувања на површинските води спроведени од Центарот за јавно здравје од Охрид. Мострите покажале дека водата кај овие две плажи е од најниска петта класа, односно вода која содржи фекални бактерии опасни по здравјето на луѓето. Од Центарот за јавно здравје велат дека работат на откривање на загадувачот.


Дек 12, 2014

И вториот тендер за изградба на модерен затворен градски пазар по пат на ЈПП неуспешен. И покрај поповолните услови во  корист на приватникот очигледно никој инвеститор не е заинтересиран да влегува во партнерски односи со задолжената општина.


Мар 17, 2011

Казни од 500 до 1.000 евра ќе заработат фирмите што до 1 април годинава нема да пријават имејл-адреса во Централниот регистар.