Skip to main content

Ное 21, 2014

Општина Охрид, има целосна доверба во органите кои се надлежни за разоткривање на евентуални криминални дејствија  на поранешни функционери во општина Охрид и се оградува од секаков коментар додека трае постапката.


Ное 21, 2014

Подготовката на ашуре е вековна традиција која симболизира споделување, солидарност, љубов, братство и заеднички живот. Уште се нарекува јадење на љубовта и хуманоста бидејќи се споделува со комшиите, роднините и пријателите. Основците од „Братство и Единство“, денес за прв пат во нивното училиште подготвија ашуре.


Окт 18, 2014

Skype Qik ја поддржуваат преку 140 модели на паметни телефони


Ное 21, 2014

Поранешниот градоначалник на Охрид Алекасандар Петрески и уште 13 други лица се приведени во операцијата на МВР Јагула, за криминал тежок два милиони евра. Петрески заедно со уште десетина соработници, вработени во локалната, раководители на сектори и сопственици на приватни фирми биле инволвирани во криминални активности поврзани со злоупотреби при спроведување на постапки за јавни набавки. Уапсените се товарат за повеќе тешки кривични дела меѓу кои злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, перење пари, фалсификување документи.


Ное 21, 2014

Со пригодна културно уметничка програма основците од „Брартство и единство“ ја одбележаа 106 годишнината од Битолскиот Конгрес. Тогаш се официјализира единствената азбука за албанскиот јазик.


Фев 16, 2011

МВР бара да се изгаснат агресивните Facebook групи за црквата на Кале.  Администраторите на групите можно е и кривично да одговараат.


Ное 21, 2014

Споровите на потрошувачите можат да се решаваат со помош на медијатор. Уште во декември минатата година е донесен закон за медијација, но досега многу мал број граѓани ги искористиле услугите на медијаторите. Од Советот на потрошувачи на Општина Охрид сметаат дека тоа се должи на слабата информираност на граѓаните.


Мар 20, 2010

Нова демократија се подготвува за предвремени парламентарни избори и покрај тоа што официјлни најави за тоа нема. По шпекулациите дека можно е ДУИ да излезе од владината коалиција, Селмани рече дека во оваа Влада не го гледаат своето место.