Бакрачески: Во 2015 година Охрид ќе биде големо градилиште
Големи инфраструктурни зафати предвидува општина Охрид за престојната 2015 година. Како што изјави првиот човек на градот Никола Бакрачески, месец март и април, Охрид ќе биде претворен во големо градилиште каде ќе се реконструираат и адаптираат неколку главни сообраќајници, ќе се градат пет кружни текови, ќе отпочне со градба зелениот пазар и катната гаража, ќе се гради ул. Илија Смически во Лескоец, а доколку се најде инвеститор од наредната година ќе се гради и автобуската станица.
Ќе се аплицира за откуп на дворно место и без сите документи
Улицата Карпош Војвода и понатака најопасна за пешаците
Улицата Карпош Војвода и понатака најопасна за пешаците.
Потресите со мал интензитет и очекувани
Неколку земјотреси регистрирани во околината на Охрид за само едно деноноќие. По синоќешните три потреси утрово апаратурата на сеизмолошката опсерватирија во Скопје регистрира уште два нови потреса.
Пензионерите од Охрид и Дебрца ден порано го одбележаа 7ми Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид
Здруженијата на пензионери од Охрид и Дебрца, како и здружението на пензионери од Струга, ден порано ја одбележаа 70 годишнината од ослободувањето на Охрид.
Две години откако се обврзаа општините не најдоа начин како да ја поддржат ПСС
Сите се согласни дека планинската спасителна служба е неопходна за развојот на охридскиот регион како безбедна туристичка дестинација но никако да се најде начин таа да се помогне да биде оддржлива. Службата која функционира волонтерски и со своите интервенции покрива територија на пет општини во југозападниот регион е опремена со европски пари а сега преостанува државава да најде начин како таа да стане дел од системот за цивилна заштита.
Охридските пензионери добија прирачник со практични совети за нивна поголема безбедност
Пензионерите сметаат дека прирачникот навистина ќе им користи.
Интензивни активности на охридските пратеници
Согласно практиката на отвореност и интензивна комуникација со граѓаните пратениците Александар Николоски и Сашо Василевски во тим со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славе Трпевски, а придружувани од преставните на централните и локланите инситуции во изминатиот период од 40 дена посетија 19 населени места во Охридско и Ресенско.