Доаѓаат температури над 30 степени
Стабилно, сончево и топло време не очекува денеска. Дневните температури од денеска па во наредните денови полека почнуваат да растат, па до крајот на неделата ќе бидат измерени и температури повеќе од 30 степени.
Стојаноски: Општина Охрид нема разидување со барањата на здружението „Стар Лагадин“
Од Здружението „Стар Лагадин“ денеска пред општината го изразија својот револт затоа што на денешната седница не се најде на дневен ред нивното барање за поништување на општиот акт за село Лагадин со кој се доволува девастирање на овој дел од крајбрежејто и рушење на незаконската градба на хотелот во Лагадин. Градоначалникот порача немаме разидување со барањата на здружението. За хотелот во Лагадин кажа дека се чека конечната одлука на Министерството за транспорт и врски.
Бројни проекти за Октиси
Струшко Октиси на мапата на приоритети од програмата на Д-р Владимир Кочоски, заедничкиот кандидат за градоначалник на Струга. Прв приоритет, реализација на проектот со кој ќе се реконструира патната инфраструктура од Октиси до Долна Белица, изградба на фекална канализациона мрежа, изградба на покриен пазар, како и изградба на мултинаменско спортско игралиште.
Епидемијата на шеќерна болест се шири и кај децата
Епидемијата на шеќерна болест се шири и кај децата. Педијатрите велат тоа се должи на повеќе фактори меѓу кои лошите прехранбени навики и нарушениот биоритам на живеење. Апелираат на сериозен пристап кон заболувањето на педијатриската фела, општеството, но и едуцирање на родителите.
Стружанец физички нападнал 55-годишен маж во Струга
На 03.12.2021 година околу 16 часот, на улицата „15 корпус” во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Ѓ.С.(30) врз О.Д.(55), двајцата од Струга.
ОК ВМРО ДПМНЕ: Градоначалникот лично да им го објасни на граѓаните режимот на сообраќај
Од ОК на Вмро Дпмне денеска уште еднаш го повикаа Градоначалникот Стојаноски да го поништи донесеното решение за функционирање на рампите.
Денес во Охрид сончево време, од сабота дожд и грмежи
Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.
УЈП не одмара за време на летната сезона
Управата ќе го ангажира целиот свој капацитет со цел да спречи непријавување на промет. Целта е да се подигне даночната дисиплина и во сред сезона да не се изрекуваат забрани за обавување на дејност поради неиздавање фискални сметки.