Skip to main content

Окт 7, 2024
Факултет за Туризам и Угостителство – Охрид
Овој настан на локалната гастрономска сцена ги носи познати имиња од светската и балканската гастрономија  како Изток Легат (Словенија), Уве Мишел (Германија), Стево Карапанџа, Драгица Лукин (Хрватска), Дон Давид (Русија), Вуко Митровиќ (Црна Гора), Жељко Невен Бремец (Хрватска), Хамид Хаџиќ (БиХ) и Асан Даутовиќ (Македонија). Тие ќе одржат теоретски и мотивациони предавања за студентите и пошироката јавност.

Окт 7, 2024
црвен крст – охрид
Клубот на Млади при Црвен Крст – Охрид учествуваше на заедничко онлајн вклучување на сите Клубови на Млади на територијата на Македонија, се запознаа со активностите од другите Клубови на Млади, и ги презентираа нивните активности и приказни кои го направиле волонтирањето вредно за паметење.

Окт 7, 2024
општина охрид
Според планираното на 18-ти Октомври 2024 ќе се одржи шаховскиот турнир за учениците од IV, V и VI одделение.

Окт 7, 2024
општина охрид
Се молат наградените ученици во придружба на родител да достават трансакциски сметки во Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид , на ул. Димитар Влахов  бр.57, Охрид, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.

Окт 7, 2024
ухмр
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 8 до 20 степени Целзиусови.

Окт 4, 2024
Благодарност до Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид за издвоената финансиска поддршка за здружението Ретко е да си редок, но како претседател на истото целосно се откажувам од средствата и упатувам апел да се пренаменат за лекување на нашата сограѓанка Бојана!- напиша Гордана Лолеска.

Окт 4, 2024
Градоначалникот упати апел до сите кои имаат можност да помогнат тоа да го сторат преку трансакциските сметки кои се јавно достапни.

Окт 4, 2024
Центар за управување со кризи
Од ЦУК апелираат на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците пред се во западните и северо-западните делови на земјата во текот на вечерните часови, како и за време на претстојната ноќ.