Skip to main content

Окт 15, 2014

Во Подрачната Единица на ПИОМ Охрид, осамнаа двојазични табли на вратите од канцелариите. Охриѓани збунети и затечени реагираат. Тие бараат одговор од надлежните, кој дал одобрение да се постават двојазичните табли кога во Законот за употреба на јазици децидно стои во кои локални единици треба да се применува овој закон.


Дек 27, 2010

Министерството за труд и социјална политика, соопши дека 1 Јануари е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.


Окт 15, 2014

Две значајни мерки за охридските семејства од социјално ранливите категории доаѓаат од охридската Локална Самоуправа. 90 бесплатни курсеви по англиски, германски јазик и информатика по 30 од секоја област за невработени лица и студенти од Охрид, како и  600 денари, субвенционирање на трошоци за комунални такси, за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.


Фев 25, 2010

Нивото на водата во Охридското езеро највисоко во последниве 20 години. Тоа е за 20 сантиметри над максимално утврдената кота.


Окт 15, 2014

ОУ ,„Живко Чинго“ набави наставни нагледни средства со американска донација.


Мај 31, 2021

36 годишна жена од Скопје на 29-ти мај во Охрид со секира нападнала 52 годишен охриѓанец. Жената е приведена, а против неа ќе биде поднесена и соодветна пријава.


Окт 15, 2014

Граѓаните интензивно се подготвуваат за престојната зима набавувајќи огревно дрво. Дрва има доволно, велат од Македонски шуми,а цената е иста како и минатата година.


Окт 15, 2014

Општина Охрид за учебната 2014/2015 година ќе додели 30 бесплатни курсеви за  англиски јазик, 30 бесплатни курсеви по германски јазик и исто толкав број бесплатни курсеви по информатика на невработени лица и студенти во општината кои живеат во семејства со ниски месечни примања или се социјални случаи.