Skip to main content

Окт 7, 2014

Веслачите на Веслачкиот клуб „ЈУГ“ Охрид на 04.10.2014 год (Сабота) настапија на Меѓународната веслачка регата „Тракија“ во Пловдив, Република Бугарија.


Дек 20, 2010

Корејската компанија “Самсунг хеви индустри“ ќе вложи 140 милиони евра во изградба на фарма на ветерници во околината на Штип.


Окт 6, 2014

Во Охрид  одбележени 1000 години од смртта на Цар Самоил.


Фев 20, 2010

Мобингот се поприсутен и во нашата  средина. Се почесто има пријави за вознемирување  на работниците и  во приватните фирми и во  јавните служби истакнува Драган Цветаноски од ОО Сојузот на синдикати.


Окт 6, 2014

На раскрсницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“ после долгогодишни залагања пред извесно време беа поставени семафори, но не за долго. Тие не функционираат поради несовесни ученици или граѓани. Од училиштето и од Локалната ќе опревземат мерки да ги едуцираат учениците како да ги користат софистицираните семафори кои функционираат на допир, а апелираат до граѓаните да бидат одговорни кон оваа вертикална сигнализација.


Мај 27, 2021

Пратеникот од Охрид од опозиционата ВМРО ДПМНЕ,  Кирил Пецаков денеска на прес конференција побара одговор од власта како е дојдено до сума од  близу 3 милиони евра за ослободување од патарини на српските граѓани. Дополнително , прашува зошто за време на сезоната не важи ослободувањето за српските туристи кои ќе сакаат да го посетат нашиот туристички Охрид.  Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека сумата се предвиден трошок кој би го имало Јавното претпријатје за државни патишта од ненаплата на патарини за српските граѓани. Тој не смета дека со тоа што  ослобудувањето важи само за транзит кон Грција  ќе се дестимулира домашниот туризам.


Окт 6, 2014

Охридскиот бренд АД „Жито леб“ го освојува пазарот во соседна Србија со познатото охридско ѓеврече. Тие велат дека се задоволни од тоа како се прифатени нивните производи во Србија, а додаваат дека веќе размислуваат за проширување на бизнисот и во останатите пазари на Балканот.


Окт 6, 2014

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т.(44) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“.