Skip to main content

Мај 24, 2021

Се одржа панахида за просветителите, а  заарди пандмеијата изостана општо-народната веселба која се одржува традиционално во просториите на некогашната училишна зграда која го носи името Кирил И Методиј. Желба на  фолклористите и кошиштани е  традицијата да продолжи по завршување на пандемијата. 


Авг 21, 2014

И општина Дебрца ќе добие плажа.

Современо уредена плажа ќе добие и општина Дебрца. Плажата се наоѓа во атарот на селото Оровник во должина од 500 метри веднаш под аеродромот „Св. Апостол Павле“, напоменува градоначалникот  Игор Трајкоски
plaza
„ Со плажата во атарот на селото Оровник и општината Дебрца ќе добие сопствена плажа на Охридското езеро. Очекуваме селото Оровник да прерасне во туристичка населба“, истакнува Трајкоски.
 
Уредувањето на плажата е на барање на општина Дебрца. Министерството за транспорт и врски денес објави јавна анкета на која ќе се избира најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на плажата. За плажата се изготвени пет идејни решенија. Од Министерството ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да ја искористат можноста за електронско гласање на интернет страницата mtc.gov.mk. Плажата ќе се гради согласно највисоките туристички стандарди.  Планирана е рамна песочна површина, со автохтон песок, зеленило, хортикултурно и партерно уредување со клупи, фонтани за  вода, детски игралишта, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали.  Плажата ќе биде од големо  значење за туристички и економски развој на општина Дебарца и отварање на нови работни места, напоменува градоначалникот Игор Трајкоски.Посочува и други  инвестиции во туризмот на општина Дебрца.
plaza
 Ние сме општина со голема територија која може да понуди многу во туризмот. Покрај уредувањето на плажата, се планира уредување и на блатото во локалитетот Сини Вирој во близина на Белчишта, како и издавање на одобренија за изградба на винарски визби со кој би се развивал винарскиот туризам“, кажува Трајкоски.


Се очекува по завршувањето на сите законски процедури плажата да биде издадена под концесија веќе од следната туристичка сезона. Од Министерството за транспорт и врски напоменуваат дека при изградбата на плажата  посебно внимание ќе се води да не се наруши еко-интегритетот на околината.  Во нејзина близина поминува  колекторскиот систем.



{loadposition content9}



Сеп 19, 2014

Закани за терористички напади 


Авг 21, 2014

 Мику Нишимото Нојбер настапи  на Piano Summer Ohrid.


Авг 20, 2014

Прекривки за детските креветчиња во градинката „Јасна Ристеска“, специјалната болница „Свети Еразмо“ и „Општата болница“ од Охрид.


Авг 20, 2014

Убавините на нашиот град, автентично пренесени на сликарското платно ги претставува уметникот Славица Секулоски Ван ден Берг. Во нејзината галерија „Секулоски“ во Холандија, може да се видат препознатливи мотиви не само од Охрид, туку и од целата држава.


Ное 12, 2010

Агенцијата за електронски комуникациии денеска соопшти дека компанијата „WTI Macedonia“ е првата која се нотифицирала на македонскиот пазар како виртуелен мобилен оператор.


Авг 20, 2014

Заврши успешно 54-то издание на Охридско лето.