Охридски гимназијалци го покажаа актерскиот талент
Охридски гимназијалци го покажаа актерскиот талент
Мистеријата на исчезнатиот Боинг
“Јас сум последната која го виде, беше во пламен”
Стопирани градежните активности на ул. Крум Точков
Локалната самоуправа дел по дел започна да ги решава проблемите на жителите на улицата Крум Точков.
Најдобрите холандски туроператори пристигнаа во Охрид
Предводени од главниот извршен директор на холандскиот тур-оператор ТУИ, Стефан ван дер Хајден, во наредните неколку дена ќе имаат можност да се запознаат убавините на Македонија, се со цел да се продлабочи соработката и да се зголеми бројот на холандски туристи во Македонија.
Македонските мировници ќе бидат одликвувани
Годинешното издание на Канео фест, со хумана мисија
Дванаесетто издание на популарниот охридски музички фестивал, Канео фест.
Струшкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ со голема подршка
Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ од Струга доби подршка од четири политички партии.
За развој на спортот и спортскиот туризам важна е спортската инфраструктура, нејзина изградба и одржување
Општина охрид планира изградба на нови детски игралишта и уредување на постојните, реконструкција на спортки терени но и низа нови спортски содржини во градот, како голф терен , трим патека и игралиште прилагодено за лица со посебни потреби.
Општина Охрид најавува изградба на нови детски игралишта на неколку локации низ општината како и активности за уредување на игралишта на целата територија на општината и нови спортски терени и содржини Тоа е во насока на обезбедување безбедна детска игра, но и обезбедување инфраструктура за развој на спортот и спортскиот туризам, велат од локалната самоуправа.
„ За оваа година е планирана изградба на неколку детски игралишта меѓу кои и игралиштето на ул Бистрица. Изминатиов период се заврши игралиштето Грашница и планирани се уште неколку други детски игралишта. Исто така во населбата Далјан планирано е уште едно игралиште со терен за баскет. Кај подрачното ОУ Св Климент Охридски во Далјан досредување на постојното ракометно игралиште и изградба на едно детско игралиште за учениците во тоа училиште. Планирана е изградба на детски игралишта кај зградите на ул Егејска кај Отекс, реконструкција на постоечкото за баскет и изградба на детско игралиште. “ – вели Јоне Станкоски – Сектор за образование и спорт.
На патеката Студенчишта каде има игралишта и фитнес зона се планира изградба на игралиште прилагодено за лица со посебни потреби.
Во меѓувреме се врши прилагодување на одредени постоечки игралишта коишто беа запоставени во годините наназад како на пример баскет теренот во поранешната касарна каде општината планира и други спортски содржини.
Откако со одлука на совет просторот на касараната беше даден на стопанисување на ЈП Билјанини извори започнаа активности за реконструкција на фудбалскиот терен. Во зимскиот период имаа намален интензитет но ќе продолжат и истиот ќе биде ставен во функција со средени соблекувални како комплетна спортска инфраструктура и за фудбалските школи и клубови но и во делот за развој на спортскиот туризам.
„ На просторот којшто е наменет за спорт и рекреација , со Општина Корча од Албанија , преку фондовите за меѓугранична соработка, аплицирано е за добивање средства за изградба на Голф рејнџ односно тоа е голф терен со три дупки, кој ќе овозможи како дополнителна понуда во Охрид да го имаме голфот во делот на спортски туризам но исто така на тој простор да се изгради и трим патека од тартан во должина од 900 метри, која ќе може да ја користат и рекреативци но и професионални спортисти. – открива Станковски.
Со тоа тој простор ќе прерасне во еден спорски комплекс со разновидни содржини. Во следниов период ќе бидат преземени и низа други активности за реконструкција на останатите постоечки игралишта на територија на Општина Охрид.