Skip to main content

Јун 8, 2010

Со симболично пуштање на светилките околу манастирот Св. Преображение над Крушево официјално е означен крајот на работите за осветлување на светиот храм, кој значеше духовно светилиште за македонската поп-икона Тоше Проески.


Јун 4, 2014

Традиционално и годинава по четврти пат се реализира акцијата “Цветни балкони – Цветен Охрид“. Оваа активност се реализира во рамките на неделата на животна средина, а ја спроведува Одделението за заштита и влијание на животната средина при Локалната самоуправа на Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“.


Ное 11, 2009

Во Струга нема регистритани случаи од оваа пандемија.


Јун 4, 2014

Од специјализираната фирма задолжена за собирање на маслото велат дека количините на масло кои граѓаните ги носат на овие собирни акции секоја година се се поголеми.


Мај 10, 2021

Благодарение на Славе Ѓорго Димоски архивските документи на манифестацијата „Поетска ноќ во велестово“ се дадени на чувцање на подрачното одделени на Државниот Архив на Република Северна Македонија Охрид.


Јун 4, 2014

Во организација на Фестивалот „Охрид те сакам“, ЛК „Лихнидос“ и медиумската заедница од Охрид, во среда, 04.06.2014г. во големата сала на општина Охрид ќе се одржи хуманитарен концерт.


Авг 31, 2014

Нема официјални информации кој стои зад овие опасни напади, а во истрагата е вклучен и FBI


Јун 4, 2014

Охридските мајстори го одбележаа 3 јуни Денот на занаетчиите.

Охридските занаетчии свечено го одбележаа 3 јуни. Врвни охридски, познати мајстори саатчии, молери, фризери, опинчари, електроничари, шнајдери, ковачи, чевлари, бисерџии го одбележаа својот празник, кој за прв пат се одбележува на овој датум. Вредните мајстори кои со својот труд придонесуваат за развој на занаетчиска дејност во градот се задоволни од  работата на раководството на регионалната занаетчиска комора. Грижата за презентација на нашите просиводи во јавноста е евидентна и таа за нас знаетчиите е највжана вели познатиот охридски бисерџија Климент Талев. За подобра работа на комората  Талев  повикува на самодисциплина на нејзините членови.
zanaetcii
„ Доколку занаетчиите сакаат да ги уживаат правата кои ги нуди комората  и државата без плаќање на членарина тоа е невозможно. Наназад години неможевме да направиме ниедна манифестација немаше финански средства сега е подобрено и нешто се презема. Во иднина со дисциплина и редовно плаќање на членарина од 1800 денари годишно што не е многу за еден занаетчија ќе се постигнат и повеќе поволности.“  

Сашо Богоески, претседател на Регионалната занаетчиска комора вели дека занаетчиите имаат проблеми, но тие се решаваат етапно. Потсети на повеќе успешни олеснувања во работата на занаетчиите,   како што се намалувањето на голем број комунални давачки, зголемено учество на занаетчиите на манифестации. Во моментов ги загрижува податокот што во првите 5 месеци од оваа година нема упис на нити еден нов занаетчија, но со проектите на УНДП и Агенцијата за вработување очекуваат промени. Целта на комората на занaетчии  е да го продолжи векот на занаетчиските дејности.
 
занаетчииСтав на Министерството за економија е дека дел од занаетите се изумрени, а дел се во изумирање. Мора да водиме сметка за постоечките активни занаети и наша цел е да ги афирмираме. Факт е дека сите млади не можат да бидат со високо образование. Наша цел е  на занаетчиство да ги поттикнеме младите да се занимаваат со дејности за да се наследат претходните генерации, доаените на охридското занаетчиство. “  

За досегашната афирмација на занаетчиската дејност благодарници добија повеќемина занетчии кои оставиле свој белег во занаечиската дејност. Богоески се заблагодари на пензионираните занаетчии за 30 , 40 и 50 години вложениот макотрпен труд  поминат во работилниците и дуќаните.   

{loadposition content9}