Skip to main content

Авг 21, 2014

Сега се знае скоро сѐ за новиот iPhone 6


Мај 6, 2014

Лоша состојба на улицата Бекир Алириза во близина на О.У. „Братство Единство“ во Охрид. Вдлабнатина до вдлабнатина, дупка до дупка.


Мај 6, 2014

Ѓурѓовден се празнува на 6 мај. Овој празник се вбројува меѓу поголемите пролетни празници што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија а посебно припадниците на ромската заедница. Луѓето посебно на денешен ден, веруваат во магичната моќ на билките, ги собираат, пијат чаеви и веруваат дека тоа ќе им донесе здравје во текот на целата година.


Мај 6, 2014

На патниот правец Кичево-Охрид запленети 33 килограми марихуaна.


Мај 21, 2010

Отпочнувањето на преговорите и добивањето на датум за преговори е нешто од што секоја страна би имала полза, изјави Милошоски.


Мај 6, 2014

Со најдолгото македонско  оро до Гинисов рекорд

Се прават завршните подготовки за влез во Гинис со најдолгото македонско оро. На 10 мај, ќе се игра 8 минути оро во должина од 18,5 км и  ќе почне  од Струга од мостот, а ќе се вие до Горица Охрид, по стариот пат.  Со оваа манифестација Македонија ќе се обиде да го сруши досегашниот Гинисов рекорд кој го држат Кинезите со 17.200 учесници. Досега за учество во манифестацијата се пријавиле околу 18.200 учесници , а пријавувањето ќе биде затворено в четврток. Орото ќе може да го играат само пријавените лица кои ќе имаат идентификациски број, а ќе ги има од сите народности,  здруженија и организации. Строго ќе бидат забранети партиски обележја,   информира еден од организаторите на  манифестацијата Сашо Ѓуровски, од Скопско културно лето. Се пријавиле и учесници од Србија, Бугарија и  Црна Гора. Радува тоа што има голем број поддржувачи и тоа на волонтерска основа, кажува Ѓуровски. Учесниците ќе пристигнуваат со 360 автобуси и  за сите  точно е предвидено  местото каде ќе бидат лоцирани.  Стартот ќе биде истовремено, а  музиката ќе се слуша од 270 возила кои ќе ги пратат играорците. Ѓуровски кажува  дека од оваа манифестација е на волонтерска основа и не се очекува економски бенефит туку само морален.
oro
„ Одиме бараме автобуси, транспортерите излегуваат во пресрет. Се јавуваа спонзори да влезат во организацијата  не дозволивме рекламирање. Ова е граѓанска иницијатива нема реклами и нема финансиски бенефиттуку само исполнување на душата. Да бидете во низа рака за рака со сите народи и народности кои живеат во Македонија, тоа не може да се купи со пари“, вели Ѓуровски.
ОО на ЦК ќе учествува во орото со  свои волонтери, а самоиницијативно ќе  вклучат и нивни преставници кои ќе се грижат за  безбедноста на сите  ученици, појаснува секретарот Антонио Додески.  
„ Досега немаме добиено барање да се обезбедат  екипи за прва помош, но стоиме на располагање . Ние самоиницијативно ќе се вклучиме со едно возило и со екипа“, појаснува Додески.

oroЗа безбедно одвивање на манифестацијата свој придонес ќе даде и  СВР Охрид. Од таму ќе бидат задолжени за регулирање на сообраќајот.

„Тоа значи за време на одржување на манифестацијата ќе биде привремено затворен стариот патен  правец Охрид -Струга.Ќе бидат ангажирани полициски службеници кои ќе се ангжирани за безбедно одвивање на настанот“, информира Димоски.

Главни  организатори на  манифестацијата се Скопско културно лето и НУ Танец, а имаат бројни помагатели и поддржувачи. Ѓуровски со задоволство кажува дека за прв пат како поддржувач на ваква манифетсција се јавува и Светската туристичка организација. По завршувањето на најдолгото оро  на градскиот Плоштад во Охрид, 90 минутен концерт ќе одржи НУ Танец, а во Струга тоа ќе изведе КУД Тоска од Штип.

{loadposition content9}

 


Окт 6, 2009

Бараат од Министерството за образовани финасиски да му излезе во пресрет на Економски факултет.


Мај 6, 2014

Наглото зголемување на температурите после долгата и влажна зима, идеални услови за размножување на крлежите. Граѓаните имале несакани искуства со овие непријатни инсекти. Епидемиолозите советуваат доколку се закачи крлеж да се избегнува отстранување во домашни услови  затоа што тоа може да направи дополнителни компликации.