Skip to main content

Ное 29, 2012

Градоначалникот Александар Петрески најави гасификација во Охрид. Активностите за реализација на еден ваков проект би започнале од образовните институции за потоа дел по дел да се опфати целата општина.


Ное 29, 2012

Донаторска забава во детската градинка Јасна Ристеска клон Развигорче.


Ное 29, 2012

Владата договори кинески кредит за автопат во делот од Кичево до Охрид и магистралниот пат од Косел до Св.Наум.


Ное 29, 2012

Пожар во стариот дел на Охрид, проголта куќа на улица Климентска и зафати дел од друга.


Ное 28, 2012

Советниците дадоа зелено светло за намалување на цената за гробното поле 5, кое се протега помеѓу ресторанот и градската капела. Гробните места за кои досега се плаќаше 83900 денари, од сега ќе се плаќа 73 000 и 46 000 денари. Директорот на ЈП Коле Петкуќески како причина за оваа одлука на ЈП ја 

sovet Ohrid

наведува тоа што повеќе нема слободни гроби места, но и лошата економска 

состојба.

Спротивно на ова советникот од ВМРО ДПМНЕ Џемал Рахман вели дека објаснувањето за оваа одлука недржи, затоа што како што кажа Гробарината не се намалува, а се поголема е ставката од одржување, отколку продавање на гробно место.

Петкуќески пак образложи дека таксата за гробарина во 2011 била 1200 денари, а во 2012 год. – 700 денари. Тој е категоричен дека кризата си го прави своето, а ова го поткрепи со тоа што во просек од 36 погреби месечно, во ЈП се продаваат 5 парцели.

 


Ное 28, 2012

Жестоки расправии ја одбележаа 55 седница на советот на Охрид.


Ное 28, 2012

Јавните претпријатија во тешка положба поради слабата наплата  на комуналните давачки. Ваков е ставот на првиот човек на градот Александар Петрески. Додека пак советничката од ВМРО – ДПМНЕ Јованка Дамоска Секулоска, вели дека ЈП биле и остануваат негативна точка во работењето на Локалната самоуправа.


Ное 28, 2012

Дубаи во Охрид. Реалност или фантазија. Многу различни ставови околу изградбата на амбициозниот проект Сахарајан Македонија.