Што најмногу ги интересира граѓаните на Охрид?
Општествените и јавни дејности на општината, туризмот и Локалниот економски развој, урбанизмот, се сферите за кои граѓаните најчесто поставуваат прашања до општина Охрид. Годинава за два месеци доставени се десеттина барања за информации од јавен карактер, додека пак минатата година општина Охрид бележи рекорд во такви барања дури 50.
И ова лето лубеници и дињи низ цела Струга
Диви продавачи на овошје има на сите страни. Надлежните со добра координација ќе го решаваат овој проблем.
„Ѓерданчињата“ повторно со концерт на градскиот плоштад
По повод одбележувањето на 8- ми март- Меѓународниот ден на жената, хорот „ Распеано герданче“ ќе одржи свечен концертот.
Дигитализација на земјоделството
Одржливото земјоделство е во срцето на “Целите за одржлив развој” на Обединетите Нации (ОН) и првиот основен чекор кон обезбедување на свет без глад (zero hunger). Согласно со Агендата на ОН, до 2030 година треба да бидат обезбедени одржливи системи за производство на храна и да се спроведат одржливи земјоделски практики што ја зголемуваат продуктивноста и производството, кои помагаат во одржување на еко-системите, кои го зајакнуваат капацитетот за прилагодување кон климатските промени, екстремните временски услови, сушата, поплавите и другите катастрофи и кои постепено го подобруваат квалитет на земјата и почвата.
Српската полиција го уапси охриѓанецот кој минатата година издрогира скопска брачна двојка
„38-годишниот охриѓанец кој минатата година издрогира брачен пар од Скопје приведен од страна на српската полиција во Врњачка Бања. Имено, полицијата во Србија го уапсила заради кражба на техничка стока од бугарски државјанин, но за тоа е информирано и македонското МВР кое трага по него цели осум месеци“, информираат локалните електорнски медиуми.
Попис на најбарани професии во европските земји
Во Германија има недостаток од 5000 лекари
Доделена паричната помош за бебињата родени во јануари во Охрид
Врз основа на доставениот список од ЈЗУ Општа Болница, а по претходно потпишаниот меморандум за соработка меѓу градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на општата болница Љубен Арнаудов, општина Охрид во месец февруари на 15 мајки чии деца се родени во месец јануари годинава, трансферира по 5 000 денари еднократна парична помош.
Комплетна еколошка документација до крај на овој месец
Рокот за обезбедување на А и Б интегрираните еколошки дозволи за фирмите важи до крајот на март. Од 1-ви април инспекторите на увид ќе ја бараат комплетната еколошка документација, а оние фирми кои нема да ги имаат интегрираните еколошки дозволи ќе се соочат со дебели казни, а можеби и со клуч на врата.