ВМРО- НП: Колекторот да стане државно претпријатие
Претседателот на ВМРО – НП, Ванчо Костоски, ги повика Бакрачески, Михаилов и другите, да лобираат кај Ставрески и кај премиерот Никола Груевски колекторот да го преземе и во иднина со него да управува државата.
Вечерна богослужба во црквата „Св. Богородица – Каменско“ за Прочка
По повод големиот христијански празник, „Прочка“ на 2-ри март, недела, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи вечерна богослужба, со почеток во 16 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Мини плоштад во Влашка маала
Жителите од влашка маала од Охрид, за десет дена ќе добијат убаво среден мини плоштад, со клупи, фонтана, а истиот ќе биде и холтикултурно уреден.
Што прават полицајците кога се на работа???
Премиера на филмот на охридскиот режисер Илија Пиперкоски за Охридското востание
Во понеделник, на 3-ти март, со почеток во 17:45 часот на МТВ 1 премиерно ќе биде прикажан новиот филм на охридскиот режисер Илија Пиперкоски за Охридското востание (македонско-албански бунт).Во филмот на Пиперковски , наративна улога ќе има и охридскиот историчар Никола Митровиќ.
Ново училиште во Струга
Централната и Локалната власт се договорија – во Струга за една недела треба да се постави камен темелник за ново училиште.
Здравствени пунктови во селата на Охрид и Дебрца
Раководството на Здравствен дом бара од градоначалниците на Охрид и Дебрца простории каде би функционирале здравствени пунктови во селата.
Долно Коњско денес извесно време без струја
Како што најавуваат од ЕВН Македонија, денеска, 28-ми февруари, во периодот од 9 до 13 часот ќе дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија во селото Долно Коњско.