Skip to main content
Ное 19, 2011

Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривичните дела „Предизвикување општа опасност„ и „Неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (21) од населбата Велгошти.


Дек 13, 2017

Во втората половина од декември ќе почне проект наменет за повозрасните  охриѓани и стружани за кој се погрижи  Локалната Агенција за Развој од Струга. Нашите сограѓаните над 60 годишна возраст кои се осамени  ќе имаат можност да се дружат и да го подобрат квалитетот на животoт. Се предвидуваат бесплатни психофизички вежби, здравствени предавања, подготовка на здрава храна како и добивање знаења од областа на  правото.


Ное 19, 2011

Традицијата и вештините за изработка на ракотворбите, на младите средношколки им ја пренесуваа жените од центарот „Бисера“. Интересот за посета на оваа работилница беше голем, а се пренесуваа тајните на шиењето на носиите, везењето и плетењето. Изработените ракотворби потоа ќе бидат презентирани на отворена изложба.


Сеп 11, 2015

Проектот е темелен на интелектуалното наследство на нобеловецот Иво Андриќ


Ное 19, 2011

За 4 години од кога започна да се применува Законот за слободен пристап до информации постојано има тенденција на зголемување на користење на ова право од страна на граѓаните. Тие најчесто на адреса на Локалната самоуправа упатувале прашања од областа на урбанизмот, комуналните дејности и  финасиите на општината, вели Васил Ложанкоски од Локалната самоуправа.


Дек 12, 2017

Се подобруваат условите за развој на спортот во градов. Деновиве на СРЦ „Билјаноини извори“ се реновираат соблекувалните и санитарните јазли. Со тоа се добива еден комплетно уреден дел на градскиот стадион, вели директорката на ЈП „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска.


Ное 19, 2011

Нелегалната сеча на дрва тешко се искоренува. Во Н.П. „Галичица“, овој проблем сеуште е евидентен. Годинава досега против три сторители е изречена глоба, во висина од 7 000 денари.


Ное 18, 2011

Акцијата за бесплатно мерење на очниот притисок во Охрид, предизвика огромен интерес. Само за два часа беа извршени повеќе од триста прегледи.