По 5000ден. за секое новородено охриѓанче
Општина Охрид и Општата болница од Охрид потпишаа меморандум за соработка. На сите новороденчиња родени во Охрид, но и на оние кои се родени во другите градови во државава или во странство чии родители живеат во градов општината ќе им даде еднократна парична помош во висина од 5000ден.
Ќе се гради мал до среден ски центар на Галичица
Ски центарот на Галичица ќе биде лоциран над Градиште од каде треба да поаѓа главната гондола.Стазите ќе бидат долги 15 км.
На верскиот празник Свети Атанасиј ќе биде поставен камен темелникот на скулптурата „Фаќач на крст“
На градското пристаниште веќе започнаа подготвителните работи за поставувањето на камен темелникот на новото спомен обележје посветено на големиот христијански празник Богојавление-Водици.
Кој ќе преживее ќе раскажува
Отворени денови на Центарот за социјални грижи
Секој вторник и четврток граѓаните можат да го посетат центарот и да разговараат со службите за се она што ги интересира околу остварување на некое нивно социјално право.
Струга беше домаќин на манифестацијата „Денот на Езерото“
Со тоа официјално започна и туристичката сезона. Градоначалниците на Струга, Поградец и Охрид се пофалија на досегашната заеднича соработка.
Рудник за манган ќе се отвара во општина Дебрца
Рудник за манган ќе се отвара во општина Дебрца.
Хотам воведува попусти на туристичките аранжмани за српски туристи
Иницијативата е прифатена од сите членки на Хотам. Овој гест е во знак на благодарност за бесплатната вакцинација од страна на Србија која ја овозможи за Македонската стопанска комора меѓу кои и за Независната угостителска комора.