Сеп 16, 2026
Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се одржа средба на Комисијата за дуално образование
Средбата помина во конструктивна атмосфера, со заедничка определба на училиштето, компаниите и институциите за продолжување на соработката и создавање подобри услови за стекнување практични знаења и вештини кај учениците.
Сеп 16, 2026
РСБСП: Оставете го автомобилот кога можете, пешачете, возете велосипед и користете јавен превоз
Од 16 до 22 септември се одбележува Европската недела на мобилност, која годинава потсетува на важноста од изборот на поодржливи и побезбедни начини на транспорт.
Сеп 16, 2026
Археолошкото богатство во земјава чека подобра промоција и дигитализација
Околу 200 регистрирани археолошки локалитети има во охридскиот регион, а повеќе од 5.000 на територијата на државата. Но, голем дел од ова богатство сè уште не е доволно достапно и препознатливо за јавноста и туристите. Археолозите бараат поголема институционална ангажираност, подобра инфраструктура и современа дигитална презентација на културното наследство.
Сеп 16, 2026
Расте бројот на иницијативи до Уставниот суд, но довербата во судството останува предизвик
Довербата во судството е на историски ниско ниво, а за нејзино зголемување се потребни радикални промени. Уставниот суд преку поголема транспарентност и отвореност се обидува да ја доближи својата работа до граѓаните, а како едно од решенијата се посочува и воведувањето сеопфатна уставна жалба, со која граѓаните директно би можеле да ги штитат своите права. За довербата во уставното судство се разговара на регионалната конференција во Охрид.
Сеп 16, 2026
Уште три дена до хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, набавете учеснички број
Продажбата на учесничките броеви е во тек. Мобилните тимови на волонтери на Црвен крст Охрид се достапни со учесничките броеви на повеќе пунктови во градот, а учесничките броеви ќе можат да се набават и во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, како и на самиот ден на настанот на Градскиот плоштад „Климент Охридски“.
Сеп 16, 2026
Кривична за поранешниот градоначалник на Струга и двајца вработени во општината за несовесно работење во службата
Поранешниот градоначалник се сомничи дека со пропуштање на должен надзор постапил спротивно на Законот за градење и противправно потпишал одобрение за градење на катастарска парцела во струшкото село Мислешево.
Сеп 16, 2026
31-годишниот скопјанец, по кого се трагаше, е пронајден починат во водите на Охридското Езеро
По насоки на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, по што треба да се утврдат околностите и причината за смртта.
Сеп 16, 2026
Покрената петиција: Чистиот воздух, безбедната вода и здравата животна средина да бидат приоритет
Чист воздух, безбедна вода и здрава животна средина да бидат приоритет во Македонија, со оваа порака е покрената нова граѓанска петиција. Иницијаторите повикуваат граѓаните со својот потпис да покажат дека заштитата на животната средина не смее да биде предмет на привремени мерки, туку долгорочен приоритет на државата.







