Авг 29, 2011
Џез Инн и натаму јаболко на раздорот
Не запираат реакциите после двата мирни протести околу работата на клубот Џез Ин. Први со реакција се јавија сопствениците на клубот кои упатија серија обвинувања на сметка на Љупчо поп Стефанија кој беше еден од учесниците на протестот против клубот Џез Ин. Овој пат со своја реакција се јави токму поп Стефанија.
Мар 14, 2014
Македонскиот воздух најмногу го трујат термоцентралите
По термоцентралите и нивната емисија на штетни гасови следуваат сообраќајниот сектор со удел во загадувањето од 12% до 14% и индустријата со околу 10%, но уделот на останатите сектори во текот на годините станува се поголем и не смее да се занемарува.
Авг 29, 2011
Реновирањето на кино бавча ќе почека до другото лето
Обновата на кино бавча не се реализира. И покрај најавите дека од месец јули ова лето охриѓани ќе може да ги следат филмските проекции и концертните случувања на оваа летна сцена, сепак ќе мора да причекаат.
Ное 2, 2017
Европскиот мировен факел помина низ Охрид
Учесниците во глобалниот настан „Трка за мир“ го посетија Охрид. Факелот за мир кој поминува во повеќе од 150 земји ширум светот, го причекаа основците и вработените од ОУ „Христо Узунов“. Огромна чест и задоволство ни е што можеме овој запален факел да го донесеме во нашиот град и училиште истакна директорот Тони Симоноски.
Авг 29, 2011
Локаната ги исполна условите за стопанисување со градежното државно земјиште
Се исполнува сонот на општините. По пет години преговарање со владата конечно го добиваат градежното земјиште на териториите на општините. Градоначникот на Охрид Александар Петрески категоричен дека општините многу подобро може да менеџираат со досегашното државно земјиште отколку државата.
Авг 27, 2011
Според сопствениците на Jazz Inn протестот и не бил така мирен
До редакцијата на ТВМ, денес стигна допис од сопствениците на Кабарето Џез Ин.
Ное 2, 2017
Пресечен илегален канал за нелегална трговија со сурово кафе
Граничната полиција регионален центар Запад, вчера пресече илегален канал за нелегална трговија со сурово кафе од Република Македонија кон Република Албанија.
Авг 27, 2011
Повторно истекуваат фекалии кај Каналот
Проблемот со излевањето на фекалиите кај Каналот, Билјанини извори иако со помал интензитет, сеуште присутен. Откако минатата недела надлежните се погрижија изворот на загадување да биде спречен, денес повторно се забележува протекување. За жал овој проблем се провлекува еден подолг временски период, а вистинското решение и натаму изостанува.