Сеп 16, 2026
православен календар
Светиот свештеномаченик Антим
Свештеномаченик Антим, епископ Никомидиски, и со него мачениците Теофил ѓакон, Доротеј, Мардониј, Мигдониј, Петар, Индис, Горгониј, Зинон, Домна дева и Ефтимиј (302)
Сеп 16, 2026
УХМР
УХМР: Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот
Во Охрид денес температурите од 13 до 25 степени Целзиусови.
Сеп 15, 2026
Во тек е потрага и на копно и во вода по 32-годишен скопјанец кој исчезнал од автокамп во Охрид
Полиција, нуркачи и планинската спасителна служба трагаат по лицето пријавено за исчезнато од страна на неговиот татко.
Сеп 15, 2026
Делегација од Министерството за регионална соработка на Израел во посета на Општина Охрид
На средбата двете страни разменале мислења за зајакнување на соработката меѓу институциите, универзитетите и бизнисите со посебен фокус на иновации, претприемништво и технолошки развој, информираа од општината.
Сеп 15, 2026
Во петок акција за подигнување кабаст и зелен отпад У.З.8 ,,Билјанини Извори”
Отпадот треба уредно да се депонира најдоцна до 07.00 часот на 18.09.2026 година и претходно локацијата да се пријави на дежурните телефони.
Сеп 15, 2026
Кривична пријава против градоначалникот на општина Струга поради сомнение дека незаконски разрешил директор на училиште
Неправилностите биле утврдени и од инспекцискиот надзор, извршен од Државниот просветен инспекторат, стои во соопштението од МВР.
Сеп 15, 2026
Лице од Албанија со 1,75 промили алкохол удрил во бетонска ограда на булевар Туристичка
По насоки на јавен обвинител, одземено е возилото и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава , информриаат од СВР Охрид.
Сеп 15, 2026
Кривична пријава за точење алкохол на малолетници во Пештани
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишен охриѓанец и правен субјект од Пештани, откако при контрола на плажа било утврдено дека на четири малолетни лица им биле овозможени купување и консумирање алкохолни пијалаци.







