Skip to main content
Сеп 30, 2017

Голем број верници денес се собраа во Лагадин за да го одбележат верскиот празник Вера, Нада, Љуба и нивната мајка, великомаченица Софија.
Со молитва и свеќа верниците се молат за здравје, љубов и благосостојба во малата црквичка изградена на езерскиот брег во 2000 година.


Јун 28, 2011

Од Охридско езеро, преку Галичица, се до параглајдерство и нуркање. Македонија сеуште ја нема на мапата на еко-туристички дестинации, а во меѓувреме постојано се лута помеѓу разни стратегии за развој на туризмот. Еко-туризмот е специфичен вид на туризам, но со сериозни приходи. Засега Македонија на самиот зачеток од развојот на овој вид на туризам.


Мар 10, 2014

Горивата од ноќеска на полноќ на бензинските пумпи ширум земјата ќе се точат по пониска цена за половина денар. Ова е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.


Јун 28, 2011

Само со зголемување на понудата и намалување на цените за сместување, ќе се зголеми инетересот за летување во Македонија. За македонските туристи пак, грчката туристичка понуда останува топ дестинација ова лето.


Сеп 30, 2017

Манифестацијата  „За посреќно детство“ масовно прифатена од охриѓани. Преку спорт, забава и дружење децата се едуцираат за оралното здравје, а со купување на учеснички број манифестацијата добива хуманитарен и награден карактер. 


Јун 28, 2011

Операторот за погребални услуги „Мирен сон“ реагира на утрешната точка на општинскиот Совет која ќе се најде пред охридските советници.


Јун 27, 2011

Наводната дислокалцијата и пренамена на објектот ФТУ од образовен во туристички центар ги размрда политичките партии. На денешната комисија за урбанизам спротиставени ставови на советничките групи. Советниците од ВМРО ДПМНЕ рагираат на деталниот урбанистички план за втора урбана заедница, па поради тоа оваа советничката група за истиот гласаше против.


Сеп 30, 2017

Спорт за сите и реконструкција на трибините на СРЦ„ Билјанини извори“. Со реализација на проектите од областа на спортот и спортската инфраструктура, ќе придонесеме за подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање на сите граѓани, порачаа кандидатите од советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.