Skip to main content
Јан 10, 2011

Селото Свињишта се подготвува за прославување на празникот Богојавление – Водици. „Подготовките се во тек. Иницијативниот одбор и здружението „Богојавление“ секојдневно работат за прославата на празникот и фрлањето на крстот во Свињишка Река да помине во најдобар ред“, велат организаторите на манифестацијата.


Јул 10, 2017

Регулацијата на водата нема никаква врска со сеизмичката активност која се случува во регионов. Водената врска меѓу Преспанското и Охридското Езеро без престан функционира и е независна од сеизимичката активност во регионов, велат научниците.


Јан 10, 2011

По 13ти пат – Кураички карневал за Василица. Подготовките се при крај, велат организаторите. Благодарение на соработката со локалната самоуправа, овој карневал преминува во сериозна манифестација, велат од здружението.


Јан 10, 2011

Предлог Законот за легализација на дивоградбите ги збуни граѓаните. Едни оваа владина иницијатива ја прифаќаат со воодушевување, а други со револт.


Авг 23, 2021

Исполнета е и законската процедура за собирање потписи за Сенад Усеиноски како независен кандидат за градончалник. Во тек се собирање потписи за независната листа за советници предводена од Стевче Стевоски.


Јан 10, 2011

Од охридскиот Завод и Музеј  годинава најавуваат завршување на голем број започнати проекти,  но и започнување на нови. Меѓу најавените проекти се стартот на изградбата на потпорниот ѕид, на карпата над Музејот Робевци.


Јул 10, 2017

„Монетарна циркулација на Плаошник – Охрид во римскиот империјален период“ ново научно дело од областа на нумизматиката. Книгата е на нашата охриѓанка Сања Битрак, археолог и нумизматичар вработена во Археолошкиот музеј во Скопје и содржи многу значајни податоци кои до сега се непознати за научната јавност. Таа беше промовирана во куќата на Уранија пред широк аудиториум.


Јан 8, 2011

На свечена седница Едриличарската Федерација на Република Македонија ги прогласи најуспешните едриличари за 2010. година.