Авг 26, 2024
Атракција на Охридското Езеро – Јане Петков врзан и потопен на дното на езерото ќе се обиде да се ослободи и да излезе на површината без никакви помагала
Ова ќе биде втор настан кој Црвен крст Охрид го организира со Јане Петков. Првиот, спортско-медицински настан за Гинисов рекорд, Црвен крст Охрид го организира на 10.09.2013 година, кога Јане Петков препливува растојание поголемо од 2 км. во Охридското Езеро, од плажата Орце Николов до Градското пристаниште во Охрид, целосно врзан во вреќа.
Авг 24, 2024
Второ издание на џез фестивал во Охрид
Публиката уживаше во музиката на Драган и Ратко Даутоски, а пригодно обраќање имаше заменик градоначалникот на Охрид, Ана Крстеска.
Авг 23, 2024
Доделени дипломите на матурантите од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“
Пред матурантите во името на Општина Охрид, се обрати советничката Александра Настоска Николоска.
Авг 23, 2024
Агенцијата за катастар на недвижности значително ќе ги намали цените на услугите
Во согласност со процедурите за измена на тарифникот, по добивање согласност од Управниот одбор, Владата на Република Македонија исто така треба да даде своја согласност. Се очекува сите потребни процедури да бидат завршени во најкраток можен рок, овозможувајќи граѓаните и правните субјекти да добиваат услуги по значително пониски цени.
Авг 23, 2024
По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, Општина Охрид организира превоз до Скребатно
Тргнувањето е во 08:30ч. од пред седиштето на Шпаркасе Банка на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец. Враќањето за назад е во 16:30 ч.
Авг 23, 2024
свр охрид
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Авг 23, 2024
општина дебрца
Поставено јавно осветлување на патот од село Ботун до манастирската црква “Св.Богородица”
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината Дебрца за 2024 година, а Црковниот одбор од село Ботун ги обезбеди столбовите/бандерите.
Авг 23, 2024
општина охрид
Во четврток ќе се одржи четириесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид
Седницата ќе се одржи во петок 29.08.2024 во зградата на општина Охрид. со почеток во 09:00 часот.