Жителите од Железничка во социјални станови
Времено сместување за жителите од Железничка на кои ќе им се срушат домовите. Градоначалникот Александар Петрески вети дека иако тоа не во надлежност на локалната, сепак нема да дозволат семејствата да останат на улица.
Комуналец работеше и викендов
Расчистени дивите депонии во Лескоец. Со оваа акција се оствари дел од планот на локалната подеднакво да се уредени и центарот на Охрид, но и периферијата
Стоп на насилството во здравството
Од Лекарската комора на Македонија најостро реагираат и го осудуваат инцидентот во кој пациент физички нападна лекар на работното место во Општата болница во Охрид.
Се бара „чаре“ за руинираните куќи
На пресекот од улиците Даме Груев и Богомилска, подолго време напуштена, куќа во распаѓање, се заканува по безбедноста на соседите и случајните минувачи.
Чарлс Симиќ е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата
Поетот Чарлс Симиќ од САД е добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2017 година. Симиќ е роден во 1938 година во Белград и е еден од најзначајните современи американски поети, есеисти, критичари и преведувачи.
Домне Симончева – најстар активист на “Црвен крст” Охрид
Домне Симончева, припаѓа на генерацијата волонтери на општинската организација на Црвен крст од самото нејзино формирање во март 1945 година.
Лицата со посебни потреби ќе бидат вклучени во легалниот пазар на труд
Лицата со посебни потреби ќе бидат вклучени во легалниот пазар на труд. Тоа ќе се прави преку посебни обуки за стекнување на вештини, кои веќе се отпочнати со реализација со првиот пилот проект „Професионална рехабилитација и персоналана асистенција на лицата со инвалидитет“ на Министерството за труд и социјална политика.
Ограбена баба во Трпејца
Непознати лица оперираат во oхридските села. Претствувајки се дека се активисти од црвениот крст од една жена принудно одзеле 5000 денари.