Skip to main content

Јан 3, 2017

Граѓаните од стариот дел на градот реагираат бидејќи два дена не бил подигнат сметот. Тој наместо во камионот за отпад на ЈП комуналец се најде расфрлан по улиците и ја нагрди сликата за стар град пред туристите за време на празниците . Од „Комуналец“ објаснуваат дека имале технички дефект на возилото со кое се подига отпад во стариот дел на градот па поради тоа дошло до ваква ситуација.


Авг 31, 2009

Реосветена и промовирана монографија за црквата Св.Богородица Пречиста Ќелија во Велмеј.


Авг 28, 2009

Познатиот, светски македонист Виктор Фридман оставен на маргините и од државата  и од општина Охрид.


Јан 3, 2017

На градскиот плоштад веќе е поставена пештера која претставува симбол на раѓањето на синот божји Исус Христос, дело на вредните раце на монахињите од манастиорт „Св. Ѓорѓиј Победоносец“ од Рајчица.


Авг 28, 2009

Со богослужби и верски обичаи, во Охрид и охридско се одбележа празникот Успение на пресвета Богородица. Во месноста „Пандонос“, традиционално се одржа света литургија и како и минатите години, кумот ги почести присутните верници.


Дек 29, 2011

Масата во скромната куќа каде што живее Дука, за миг се наполни со разни новогодишни подароци, гест на невладината „Езерка“ од Струга. Но најголемо изненадување за Дука оваа година, е успешната трансплантација на бубрег.


Авг 28, 2009

Хотелиерите и туристичките агенции во Охрид немаат соработка. Хотелиерите вината за слабата исполнетост на нивните капацитети ја префрлаат на туристичките агенции и авио превозот, а од агенциите велат, државата мора да стави рака за да се надминат проблемите, кои на хотелиерите им даваат право да се јавуваат во повеќе улоги.


Јан 2, 2017

Празниците се период кога вообичаено граѓаните ги зафаќа потрошувачка треска. Се купува техничка стока, облека, играчки за најмладите, храна и пијалоци. Од ОПМ советуваат добро да се внимава при пазарувањето бидејќи покрај потрошените пари може да не чини и многу нерви. Стоката што се нуди на пазарот многу често е со сомнителен квалитет и потекло. Доколку граѓаните не се задоволни и имаат некој проблем да се јават во охридската организација на потрочувачи.