Skip to main content

Окт 3, 2025
сдсм и коалицијата
Планови и проекти за месните заедници „Железничка“, „Лескајца“ и населбата „Радојца Новичиќ “ најави денеска на прес конференција, кандидатката за советничка, од СДСМ и Коалицијата, Лидија Неданоска. Сакаме да обезбедиме достоинствен живот за сите жители на овие населби, затоа што Охрид не е само центарот на градот, порача Неданоска.

Окт 3, 2025
вмро-дпмне и коалицијата
Охрид не смее да застане. Охрид мора да продолжи да се развива, им порача Кирил Пецаков на охриѓани барајќи ја нивната доверба и за следните четири години. На денешната прва прес конференција во изборната кампања, kандидатот за втор градоначалнички мандат од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијатановата изборна програма ја најави како плод на темелна анализа, со визија за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид, кој живее во хармонија со своето езеро и културно наследство.

Окт 3, 2025
По 17-ти пат градскиот плоштад ќе ги собере сите оние кои сакаат да се дружат, да играат, да бидат хумани и да уживаат во забава годинава надополнета со музички настапи на локални бендови.

Окт 3, 2025
Божиновски рече дека заложбата на Советот на Општина Охрид и советниците ќе биде насочена кон поддршка на 10-те приоритетни проекти за Општината како дел од програмата на идниот градоначалник Кирил Пецаков.

Окт 3, 2025
Нови авио линии, современи патишта, подобар транспорт, железници, автобуси, за поголема размена на туристи. Ова е пораката на хотелиерите од Балканот, кои денес во Охрид одбележаа 20 години заедништво за унапредување на туризмот. Балканската алијанса на хотелски асоцијации на конференција во Охрид ќе бара начини за надминување на предизвиците.


Окт 3, 2025
Црвен крст Охрид
Преку БРЕИНОБРЕИН програмата децата ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат  своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

Окт 3, 2025
сдсм охрид
Трибината ќе се одржи во хотелот Славија со почеток во 20 часот.