Апр 22, 2024
Парламентарни избори 2024
Ковачевски: Ќе работиме ден и ноќ за просперитетна европска иднина на Македонија
Главен фокус останува членството во Европската Унија. Со членството во ЕУ ќе се случи вистинска и суштинска промена кон подобро во нашата земја, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Охрид. Јас верувам дека во Европска Македонија животниот стандард ќе биде многу подобар, и ќе успееме да изградиме систем на владеење на правото и ефикасна борба против криминалот и корупцијата, кажа Ковачевски.
Апр 22, 2024
Вечерва на полноќ започнува молкот за претседателските избори
И покрај молкот за претседателските избори, изборната кампања за парламентарните избори закажани за 8-ми мај нема да биде прекината.
Апр 22, 2024
Заживува филигранството во Охрид
Стариот традиционален занает денес го продолжуваат повеќе млади филигранисти во Охрид. Охридските мајстори на стариот занает, и мажи и жени, ги унапредуваат своите знаења и вештини и достојно ја раскажуваат приказната пред бројните посетители.
Апр 22, 2024
УХМР
Зголемен водостојот на Охридското Езеро
Водостојот на Охридско Езеро е повисок од просечниот за април за два сантиметри.
Апр 22, 2024
НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право
На настанот ќе бидат прогласени најчитателите во категориите возрасни и деца, највозрасниот и најмладиот читател и најчитаните книги во 2023 година во Библиотеката.
Апр 19, 2024
Претседателски избори 2024
Силјановска – Давкова: Почитувајте го Охрид, без Охрид Македонија нема да биде почитувана
На 9-ти мај ќе го прославуваме денот на победата против фашизмот, денот на Европа и ќе ја славиме Македонија како твоја и горда, порача претседателската кандидатка на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија, Гордана Силјановска Давкова. Таа на вчерашниот митинг од охриѓани ја побара довербата и им вети дека нема да ги посрамоти и да ги заборави државните и национални интереси.
Апр 19, 2024
Парламентарни избори 2024
Мицкоски од митингoт во Охрид повика на национално обединување
Народот ќе си ја врати државата и ќе ја испрати досегашната власт на буништето на историјата, кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ , Христијан Мицкоски на митингот во Охрид. Тој синоќа ја промовираше и идејата за создавање на македонско национално единство. Пред охриѓани беше презентирана изборната програма Платформа 1198 со која кандидатите за пратеници ветуваат дека ќе ја рестартираат државата.
Апр 19, 2024
Парламентарни избори 2024
Граѓанска промоција во Охрид на носителите на листа и кандидатите за пратеници во ИЕ 5 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина
Промоцијата ќе се одржи во хотел „Десарет“ во почеток во 19:30 часот.