Кирил Родин, виолончело, Русија и Жени Захариева, пијано, Бугарија
Вечерва на програмата на фестивалот Охридско лето, за љубителите на класичната музика, концерт на виолочнчело и пијано. Во 21 часот во Црква Св.Софија, ќе настапат Кирил Родин и Жени Захариева.
Реконструиран плоштадот во туристичката населба Љубаништа
Реконструиран мини плоштадот во туристичкиот бисер Љубаништа. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески вели дека ова разубавување на просторот локалната и јавните претпријатија го направиле на барање на мештаните. Најави дека за брзо време ќе ја разгледаат и можноста на доградба на овој плоштад со уште една рекреативна површина.
Голем интерес на охриѓани за проектот „Купи куќа за млади“
Голем интерес кај охриѓани за проектот Купи куќа за млади. Од страна на претставниците на министерството за финансии беа презентирани погодностите на проектот и условите за аплицирање преку една од двете можности односно субвенционирање на месечна рата и субвенционирање на учеството. Општина Охрид со цел подобра имплементација на проектот на заинтересираните охриѓани им нуди три опфати на земјиште за градба на домот од соништата.
Закон за пакување на цигари во неозначени кутии
Ирскиот парламент донесе закон за пакување на цигари и покрај заканите од производителите
Злоупотребени слики од фејсбук на охриѓани
Недолично видео, кое осамна на каналот Youtube, шокира пет охридски семејства. Во содржината на видеото биле употребени слики од деца, како и од дел од возрасните, а истите биле земени од профили на социјалната мрежа фејсбук. СВР Охрид работи на расветлување на случајот.
Охрид има потенцијал за спелео туризам
Две пештери во НП „Галичица“, кријат голем потенцијал за развој на спелео туризмот. За жал малкумина знаат дека и во охридскиот регион постојат вакви природни реткости, кои би можеле да привлечат голем број на туристи, пред се љубители на природата. Охридските спелеолози откриват можности за развој на овој вид туризам.
До темел изгореа конаците на манастирскиот комплекс „Трескавец“
Утринава, претставници на надлежните институции го посетија манастирскиот комплекс „Трескавец“ кој вчера попладне го зафати огнена стихија во која до темел изгореа конаците.
Повторно во функција семафорите кај ОУ „Христо Узунов“
Семафорите на крстосницата на улиците „ Питу Гули“ и „ Марко Нестороски“ во близина на Основното училиште „ Христо Узунов“ во Горна влашка маала , повторно се во функција.