Монетета од 50 дени станува 1 денар
Од почетокот на годинава, Народната банка на Македонија официјално ги повлече од оптек, но тие и понатаму нема да исчезнат од нашите животи.
Охрид ќе добие јавен тоалет
Охрид ќе добие јавен тоалет. Туристите конечно ќе има каде да се олеснат. Станува збор за тоалет составен од три посебни делови, за мажи, жени и за лицата со посебни потреби, а ќе биде од типот на урбана опрема. Локалната самоуправа на Охрид во престојниов период треба да ја одреди локацијата, која најверојатно ќе биде во централното градско подрачје, каде што најповеќе недостасува, велат од Центарот за развој на Југозападен Плански регион.
Незадоволни, незаинтересирани, цинични…
ТЛЕР ги обработи податоците за туристичката сезона 2015та
ТЛЕР речиси ги обработи податоците за бројот на гости и остварени ноќевања како и наплатена туристичка такса за 2015та. Параметрите покажуваат дека летото што измина е многу подобро од тоа претходно. Локалната оваа година ќе работи на зголемување на бројот на домашни гости.
Пештанци чекаат да се донесе урбанистички план повеќе од една деценија
Жителите бараат локалната и ресорното министерство да ја забрзаат постапката. Туристичката населба е атрактивна за инвестиции кои ќе донесат развој за жителите.
Дали рентабилно работи автопазарот во Охрид
Автопазарот и после речиси две години од отварањето не проработи. Од Локалната тврдат дека тој не генерира загуба, но нема ниту добивка. Со подобар маркетинг сметаат дека може да се подобри ваквата ситуација.
Педалинките не се регулирани со Законот за внатрешна пловидба
Издавачите на педалинки мора да ги почитуваат важечките прописи за висок степен на безбедност на вода на лицата кои ги изнајмуваат. Најчести интервенции на спасителите на вода биле на давеници од педалинки.
Самохрана мајка се бори за гола егзистенција на три деца
Соба полна со влага, напукнат под и ѕидови е единственото прибежиште на самохраната мајка на три деца Линда Зилбеари од Охрид. Таа во такви услови живее речиси 4 години. Вели дека повеќе нема сили да ја издржи животната битка, со ниски примања со кои едвај врзува крај со крај. А од неодамна се влошило и нејзиното здравје.