Skip to main content

Дек 9, 2015

Задоволни купувачи, вработени, формула за успех. Денес во Охрид се отвори нов маркет МИСА во  трговскиот комплекс на ул „7 ми Ноември“ во близина на автобуската станица. Конкуренцијата е здрава, и е основа за добар натпревар, нагласи Васко Миса управителот на МИСА маркетите. Додаде дека со добра работа успехот бил загарантиран, а довербата на потрошувачите е заслуга на конкурентните цени, квалитетните производи и љубезноста на вработените.


Дек 9, 2015

Со свечена академија што синоќа се одржа во ЦК „Григор прличев“ завршија овогодинешните чествувања посветени на патронот на градов. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески пред присутните зборуваше колку  погледите на Св. Климент биле далекусежни, колку неговата мисија била, e  и ќе биде надвременска и колку тој не задолжи за достојно да го продолжиме неговото дело. На свеченоста на годинашниот добитник, Општинската организација на Црвен Крст, му беше доделена наградата Св. Климент Охридски- Патронот на Охрид.


Фев 9, 2015

Тешко е да се поверува дека заработува многу на таа возраст


Дек 9, 2015

Деветти декември-денот на превенцијата, СВР Охрид ќе го одбележи работно и со реализација на двата едукативни проекти „Мојот пријател полицаец“ и „Реонскиот полицаец Ве советува“.


Дек 9, 2015

Женски Цантар “Бисера” организира работилница на таа тема, 16 денови активизам против семејно насилство.


Мар 14, 2012

Министерството за економија подготвува нов построг Правилник за категоризација на угостителските објекти и хотелите. Следнава недела траба да се одржи јавна расправа со туристичките работници за новиот Правилник по што официјално ќе биде усвоен.


Дек 9, 2015

Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека 12-ти декември (сабота) e работен ден.


Јан 27, 2011

Српската заедница во Македонија денес го слави Свети Сава. Тој е најголемиот српски просветител и прв архиепископ на автокефалната српска црква. Овој празник е еден од најголемите во Српскиот православен календар. По тој повод, овој ден е прогласен за неработен ден за сите припадници на српската заедница.