Најдобар промотор на Македонија за 2011
Прекини во снабдувањето со електрична енергија денес во Охрид
Поради планирана интервенција на екипите на АД МЕПСО за замена на проводници на 110 кВ далеководи на преносната мрежа на потегот Ресен- Охрид– Струга, денес, 12- ти ноември, во периодот од 11:00 до 14:00, можни се повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Ручек со лебеди
Премиерот Груевски денес во Охрид
Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски денес во посета на Охрид.
Повредени 3 лица во сообраќајна несреќа кај Ложани
Сообраќајна несреќа се случила вчера на локалниот пат кај селото Ложани, струшко. Во несреќата учествувале две патнички возила, а повредени се три лица, од кои двајца жители на Ложани и еден жител на Велешта. Екипа од Полициската станица во Струга извршила увид на местото на несреќата.
Охрид нуди идеални услови за развој на конгресен туризам
Речиси во сите хотелски капацитети на охридската ривиера каде што има услови за тоа во овој период се одржуваат конгреси и семинари. Охрид нуди идеални услови за развој на конгресниот туризам. Хотелиерите полни со надеж дека на ваков начин ќе се продолжи туристичката сезона. Тие се повеќе инвестираат во градење и осовременување на конгресните сали.
Започна теренската вакцинација
Граѓаните од денеска може да се вакцинираат без претходно закажан термин, вакцинацијата се одвива непречено во сите оддалечени рурални места кои гравитираат кон еден центар за јавно здравје
На охридските таксисти им е „тесно“, бидејќи сакаат да се паркираат во центар
Охридските таксисти сметаат дека бројот на издадени лиценци за вршење на авто такси превоз во градов е преголем, за сметка на малиот број локации за паркирање на таксисти. Од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици го демантираат тоа. Нивниот став е јасен. Од таму велат, бројот на лиценци е лимитиран согласно постоечките паркиннг места на територијата на општината, а проблемот лежи во тоа што поголем број од охридските таксисти сакаат да се паркираат во центарот на градот.