Мистеријата на летот MH370 била инспирација за Andreas Lubitz?
На копилотот на Germanwings инспирација му бил летот MH370?
Црвен крст од Охрид со подароци за новороденчињата родени во „Неделата на црвениот крст“
Во рамки на одбележувањето на 8 мај Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст од 8-15 мај, покрај бројните активности на волонтерите на Црвен крст Охрид кои под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“ ја промовираа хуманоста и солидарноста, нашата организација на сите 17 новороденчиња, колку што се родија во текот на Неделата на Црвениот крст (8-15 мај), на Гинеколошкото одделение во Општата болница во Охрид и на нивните мајки им додели пригодни и корисни подароци со желба нивните деца родени во неделата на хуманоста, да израснат во здрави, хумани и достоинствени личности.
Коктелот Еден бисер се повеќе баран од гостите
Странците се повеќе нарачуваат Еден бисер. Овој автентичен коктел кој неодамна беше промовиран полека ама сигурно станува дел од гастрономската понуда во градов. Засега коктелот Еден бисер се приготвува само во десетина угостителски објекти во Охрид.
Македонија го одбележува Меѓународниот ден на аутизмот
Под мотото „Еден свет за сите“ Македонија по трет пат годинава го одбележува Меѓународниот ден на аутизмот.
Јадеме увозно пилешко месо, нема домашни фарми за производство на живина
Јадеме увозно пилешко месо, нема домашни фарми за производство на живина.
175 години противпожарна заштита
Ќе се уредува паркингот наспроти Центарот за обука на вода
Паркингот наспроти Центарот за обука на вода на АРМ, оваа сезона ќе се уредува. Со него стопанисува ЈП „Билјанини Извори“. Според најавите на директорот Ристе Мишев доколку оваа сезона успеат да ги исполнат сите услови за вршење наплата, овој паркинг повеќе нема да биде бесплатен.
Крстевска: Се чуствува мало намалување на букинзите поради политичката криза во земјава
Се чувствува мало намалување на букинзите поради актуелната политичка состојба во земјава, велат од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. Но сепак, препораките на Англија и Холандија до своите граѓани, да бидат внимателни при посета на Македонија бидејќи има протести, не ги предомислуваат патниците во својата намера да ја посетат нашата земја.
